Дали се реши проблемот со испакнати ребра? Моето денеска доби таква дијагноза, според др не е страшно, ни го зголеми внесот на витамин д и препорача повеќе да биде на стомак..
Мамички во Вторникот бебче прими прва доза рота и шестовалентната и немаше нус појави се до вчера. Вчера четири пати какаше од кои два обично а два со кафен слуз. Претходно какаше еднаш во два дена. Педијатарот ми кажа освен биогаја 5 капки да му дадам и 9 капки дијастоп. Сабајлево пак какаше, нормална обилна кака ама со бел слуз. Ме плаши многу слузот како мрсул, лепливо е. Од што може да биде и се плашам да не е сериозно Бебче е 2++++
Пријави го слузот на вакцинациите, бидејќи за проливести столици можно е од ротата ама за слуз мислам дека втората доза не ја ставаат
Мајки,бебе од вчера е настинато, кива нон стоп а од денес почна и да поткашлува, тт нема. Смеам ли на своја рака со дексазон да инхалирам, и ја знае ли некој дозата колку е? @duffi @Alishan30 ако сте тука да ме поупатите...
Не би дала на своја рака, дур не слушнам пациент. Колкаво е бебе? може е вирус, повеќе витамини, аква марис и ќе помине за брзо
7 месеци е. Ја инхалирав со 2мл физиолошки и 1/4 декса прееска.. Ама не чепкам до утре ништо, сепак доктор да ја слушне прво. Секогаш викенд не фаќа нас!
И ние имаме баш таму кај што и завршува пеленото на половините, ама од топлото е и што лежат цело време на грбпче им излегуваат. Мислам дека не е алергија, ама нека кажат поискусните мајки
Не ми личи на алергија, следи дали се прошируваат или формираат пликови. Измиј само со вода, без средство никакво.
Дали ова ви личи на реакција на храна? Денес прв ден авокадо…имаме и на гради малку ама бидејќи има и атопичен дерматит не можам да разликувам кое од што е…ама вака на лице досега не ни се појавило (не ми се смеете на сликите не можам да го сликам нормално а види телефон дрпа по него )
Ако е егзем треба да е рапава кожата ,од алергија не е рапава само црвена.Се појави одма после оброк? Вака е од храна .
Да нешто слично е вака ама има и рапаво црвенило, измешано е а се појави некаде 2 саати после јадење….незнам стварно, се дешавало да има дерматит на лице ама не онолку изразен ако е воопшто дерматит