Здраво мајки. На син ми каката овие два дена му е некогаш зелена, некогаш златно жолта, а некогаш мешана. Некогаш па има како слуз, мрсулки во каката. Денеска требаше да одиме на преглед, но имало многу заразени од корона па не примаа здрави деца. Вака нема симптоми дека е настинато и со цица како сто треба. Иначе е 40 дена. Дали е нешто сериозно?
Примети тоа со слуз и мрсулки дали се јавува ако си конзимирала млечни производи. За зелено која нијанса на зелено зборуваме темно светло? Дали примаш ти или тоа суплементи за железо?
Не, не примаме ама вчера јадев спанаќ, да не е од тоа па? Инаку како да е светло зелена, темна ко да не. Не можам да кажам точно дека е измешана со жолто и кога го бришам газето на влажната си е жолто. Баш утре ќе забележам за млечни производи, ако не се појави дали се смета дека не е алергичен?
Мајки педијатарот ни е на одмор и не ми враќа. Дали и е се во ред со крвната слика на ќерка ми? Иначе има 21 месец.
Педијатарот баш сега ми врати вели се е океј. А мене ми е страв бидејќи во среда треба вакцина да прими. Претходниот пат ја одложивме бидејќи беше настината и примавме антибиотик.
Ако нема симптоми, јас би вакцинирала. И на моево на кс пред мрп што ја правевме не беше се баш во нормала,па ми дозволи педијатарот да ја прими.
А дали има грчеви? И како цица дали цица долго од една града или од двете пократко? Инаку така може да ти биде ако му стои каката во пелената подолго па менува боја. Ако нема слуз во каката откако ќе елиминираш се млечно консултирај педијатар ама за тоа може ќе требат неколку дена да следиш па да се донесе заклучок.
Примеси на крв во столицата од шо можи да е? Само на доење е, последниве 10 дена, може и повеќе нема пиено ни чајче, ни вода (а и претходно тоа беше по 10-20мл еднаш на 10тина дена). Јас постам, значи немам внесено никаков млечен продукт и исхраната ми е вообичаена, нешто шо и претходно сум консумирала, а немало ништо вакво за да се посомневам на интолеранција. Ќе посетам педијатар, во меѓувреме би ми значело секое искуство. Спојлер: Пелена Едит: сега се сетив, вчера прв пат капини јадев. Можно е од тоа?
И со поголемото синче имав вакви проблеми, и со ова сега два три пати ми се случи. Објаснување нема конкретно. Можи да е поради млечни производи кои ги конзумираш, капилар од поексплозивна столица... И јас барам точен одговор на ова прашање.
Млечни производи не конзумирам зошто постам. Инаку од млеко секогаш во столицата има како бели грутчиња и затоа и не пијам кравјо млеко. Го виде докторката, го прегледа надворешно-нема ништо. И таа спомна дека може да е прснат капилар од напонот. Ама ми рече да следам дали и кога ќе се повторува. Еве од тогаш уште 3 пелени му беа какани, ниедна немаше крв. Ќе видиме утре.
I nas ni se sluci 1-2 peleni posledovatelno takvi ama tolku bese. Ne ja odnesov na pregled zatoa sto ne prodolzija takvite kaki pretpostaviv kapilarce deka e, nema sto drugo