Мене ми личат на бебешки акни. Не мачкај со ништо, ќе си се повлечат сами. Евентуално еозин ако стојат долго време, ама ај нека сподели некоја мајка искуство. Патем мајка, мислам дека многу ти е облечено бебето за ова време.
Бебешки акни , и вцрвенет е плус и од претоплен раскомоти го е жешко е времево не е за вакви алиштенца.
И јас за пелената ќе прашвам. Утрово пелената беше многу малку мочкана, мочката беше доста концентрирана (и обично навечер не мочка многу имам пишувано), но утрово имаше како розева/портокалова боја на одредени места. Се загрижив. Дали некој знае што може да е? Пред некоја недела проверив мокрача се беше ок, само пишуваше ретко урати, уратни кристали. Дали да одам на доктор за ова или да чекам да видам дали ќе се повтори. Следната пелена денес беше ок. Еве слика.
Не се секирја нормално е . Поконцентрирана мокрача може да даде таква боја и кај мојот се има случувано.
Има некоја будна мама? Ми изгоре детево од температура. Прв пат ми крева вака, многу се плашам И дадовме парацетамол сируп 7 саат, и пројде па во 11 пак качи. Пакби дадовме сирупче и залепив антипиреа на челото, затоаштореалнодруго и немамдома, освен чепчиња. Еве сега ја чепкам пак е топла. Носот не и течи и не е затна но малку и "свири". Она спие гајле нема, јас сум од памет извадена. Ја мерам со безконтактен кој и онака не е многу точен, покажува 39.4, под мишка мн ми мрда не можам убаво да мерам, излегува 38.0, но сигурна сум дека е повеќе. Во кој случај да ставам чепче? Цица нормално, 9 месеци е. Едит: Бевме денес надвор, свежо беше и дуваше а таа една дремка ја преспа во количка? Можно е да има настинато?
Мама ставу и живин топломер под мишка. Земи си ја в раце како за доење и мери ѝ да знаеш точно дали има и колку има температура. Ако крева над 39 можеш да комбинираш парацетамол и блокмакс наизменично. Во меѓувреме расслечи ја, ако имаш алкохол измешај со вода 50:50 и намачкај и рачиња, ноџиња, пазуви, грбче. Негде прочитав за натопен памук и ставен под пазуви. Исто можеш и со чорапи со оцет да пробаш. Нуди ја почесто да цица за да биде хидрирана. Ви посакувам веднаш да помине.
Ти благодарам Не сум во мк, овде имам само парацетамол сируп и чепчиња на располагање, но си порачав блокмакс да ми донесат од мк . Некое друго лекарство да ми кажете за температура да си снабдам? Инаку се разбуди бебево пред 1саат насмеана, расположена игра збори, шета низ спална а гори температура. И ставив чепче, немаше ни 2 мин се покака проверив да не го исфрлила и чепчето, имаше само бели траги низ гом*ето. Цицаше, пивна вода малку, пак цицаше и заспа пред половина саат. Ја чепнав сеа, подистината е. Дишам сега малку. Че натопам сега едни чорапи со оцет ќе и облечам па ќе следам.
Препорачајте ми некој ефикасен аспиратор за нос, некој што стварно влече брзо и ефикасно? Имам на исомар ама слабо ми влече, се измачивме цела недела и пак пун нос мрсули.
Мајки чаре за какање? Се стега цело време мислам кака он само дава напони и искака едно топче мало. Дадов сок од слива, кашичка од слива...предлог што за вечера? Се мачиме вода нејќе да пие едвај и сокот малце се напи. Ден ипол само тоа топче го искака прв пат му се случува...
Мислам дека ќе се среди со исхраната, кај нас траело 1 ден Суви сливи свари,да ги јаде и водата да ја испие. И овошен јогурт можеш
Здраво мајки. Ве молам за предлог за козметика за новороденче. Јас го бањав со логона шампон и со логона лосион го мачкав после тоа. Ама сега после месец ипол почна да има посува кожа и да му е црвена кај вратчето. Се мислам дали да сменам со мустела? И лицето му е како со бубулички црвено му ставам еуцерин крема за лице од црвената линија и ептен го смирува ама кога ќе поврати пак се вцрвенува и никако да заздрави. Стварно не знам што да сменам