Готови сте. Одите на добро. Ги читам и мајките деновиве од групата на малиот, и они исто се жалат. Нов стомачен, подолг од првиот.
Јас ваков вирус не сум сретнала досега. Малиот три дена само лежи и повраќа, тек денес на крај на трет ден малку стана и живна. Вчера и завчера се што касна и испи, се поврати. Електролити не пие, пробиотици исто. Се разбира, повраќав и јас Зет ми вика, корона поминав, ама ова уште еднаш да не го врвам
Мајки син ми е со вирус, температура носе течи и кашла. Сега ми е за бебето нема ни два месеци и мислам ќе го префати како да ми се закашла чудно и таа неколку пати. Преплашена сум за неа. Кај да ја носам во Битола, немаме ни матична и незнам каде. Жива се изедов што го носев големото вградинка.
Е добро, само смирено, нормално е да префати. Исто е и со моите, големиот скоро 4 год. е оди во градинка, малото 9м и секогаш префаќа, дури и почесто од големиот е болен. Без паники, смирено, се ќе биде ок
Обично не сум паничарка ама сега многу ми е страв дека е многу мала. Не кашла многу ама сепак да не се направи поголем проблем.
Zdravo majki. Maticniot ni dade hipermangan rastvor za gazeto ama ako stavam na pamuk kako sto mi kaza se si ostanuva na pamukot i nisto na gazeto. Ima nekolku kako bradavicki cudni i izgleda ja bolat pri mockanje kakanje. Kako go koristite rastvorot?
Хиперманган зрнца имам користено. Многу мала количина (неколку зрнца) пуштам во водата во која се бања, кога бил со црвено газе. Не знам какви се тие брадавички...
Има некој стомачен вирус периодов? Ми се јавија од градинка, детево повраќало со ЈАК МЛАЗ и од памет се извадиле. Инаку весел е, јаде, спие, си игра. Отиде мм да го земе, ќе го носиме на лекар, сма сакав да слушнам искуство
Ние сме добри сеуште нема во негова група, ама на другарката и не баш се исцеди детено плус и дополнително настинка фати му се воспали и увото катастрофа е.
Четири дена во градинка и малиот од вчера е со температура. Прв пат. CRP високо. Матичната вика ако до утре не ја симне температурата да почнеме со антибиотик и инхалации. Има кашлица, но нема ништо на плуќа. Температурата му е 38.6, ќе симне па ќе ја качи. Ве молам за мислење.
Како е сега?Колку е црп? Крвната слика како му е? Не мора секогаш високо црп одма со антибиотик, може и од вирус да е покачено,знаат докторите до колку се толерира.Исто и тт може и до три дена да качува,ако и понатаму продолжи тогаш може антибиотик убаво те советувала. Ова ти кажувам јас од искуство со големата ќерка,ама сепак матичниот си знае,мене мојава што ми кажала се така испаднало,само еден антибиотик има испиено за седум години а идеше нон стоп во градинка и се случувало да кашла многу,ама се било вирусно и само инхалации помогнале. Со лесно,ќе отрпнеш од вируси и бактерии од градинка,мене коса ми се крева дека ме чека пак истото со малава,али тоа е само со лесно да минува па ќе се закакнат.
Немој да се нервираш и короната е вирус, тоа што ни го втераа стравот во коските не значи дека е толку страшно, јас сите што ги познавам што беа позитивни на корона го поминаа вирусот со лесно. Соработувај со матичната, со детето, гледај да му ги олесниш симптомите и побрзо да оздравете. Знам како ти е и моето беше пред една недела настинато и матичната рече дома да си направеме тест за корона, само предлогот ми внесе голем страв, не па позитивен тест, јас одбив да го тестирам и сега уште малку поткашлува ама добар е инаку имаше страшна кашлица.
Без паника,не се нервирај биди смирена.Јас бремена го фатив со бебево во стомак ама лесно поминав бев исплашена не дека не.Брзо да му минува ,со лесно.Ќерка ми само еден ден качи тт и дадов орс електролити и утредента беше како нова,не ја тестиравме ама сите дома бевме болни тој период. Како е сега,има ли промени?