Истово го прашав пред една недела и Анат ми одговори дека Не се качува температура при вадење заби, или има вирус или бактерија. Во мојот случај беше вирус и качуваше до 39.3-4. Со помин да е.
Да чекам над 38 со 5 да се качи за сируп или може да дадам? Има 38 и спие. Ја туширав и расоблеков ама не спадна многу.
Да, јас над 38.5 давав сируп. Беше весела кај мене, темп 39 а таа пее се смее. Ја масирав со алкохол-вода 50/50, и чорапи со оцет и облекував. И лепев и антипиреа лепенче на челото но ова мислам воопшто не помагаше. Само со сируп и се симнуваше.
Мајки како да му помогнам за полесно дишење на бебе скоро два месеци? Прскам аква марис, инхалирам со синомарин ама многу тешко ми дише неможе да спие. Носена на лекар е само ова ми препорача, рече немала на гради ништо. Сега баш ја инхалира ми хрчи многу со носето неможе ни да цица
Не хоспитализираа. Се му е на плука, но докторите многу се позитивни. Вчера беше долг ден и мм заврши на инфективна, но се надевам од денес само позитивни случувања. Фала на поддршка.
Исечкан кромид близу него кога спие. Ќе му помогне многу. Исто, малку можеш да го поткренеш душечето, да има благ пад.
Уф бре,ајде ќе биде добро штом е под надзор,душиче. Знам дека ти е многу стресно ама биди позитивна ќе оздрави те.Ве гушкам
На бебе му се појави вакво на вратчето, дури како грубо е на допир, како лишај, претпоставувам од потење, ама еве веќе неколку дена не поминува. Знае ли некој што може да е точно и што да ставам? Од пон ќе го носам на лекар обавезно, ама моментално сме во карантин, па ако можам некако викендов да ставам нешто да му се повлече.
Колкаво е бебето? И на ќерка и се правеа вакви околу устата кога почнавме со цврста храна. Мислам имаше и на вратчето. Мачкав со мустела стелатопиа се повлече за 1 недела. @Kolache na mama со лесно и брзо да минува ќе бидете добри. Ние прележавме кога бебе беше 3 и пол месеци.
Пет месеци е, сеуште сме на ексклузивно доење, не сме почнале со храна. Пробав Веледа со цинк, ама не направи некоја разлика, па не ставив пак, за да не направам поголема глупост.
Дали се дава терапија за стрептокока пнеумонае ако нема симптоми? Бебето нема температура, мирно црп, дете е добро. Инаку е 11++
Истиот период и се појави и на ќерка ми, којзнае може не било од јадењето може се менува составот на кожата како си созрева. Не ја однесов на лекар пошо не ја чешаше и не и се разрануваше, така баш како лишајче стоеше.
Епа исто и кај син ми, не се зголемува, не ми изгледа дека го чеша или го боли, ама па и не избледува и си стои црвенко. Ќе почекам уште ден-два, па ако не се поднамали, ќе тркнам до педијатар. Фала ти во секој случај