Нашиот педијатар кога немаше симптоми (веќе му завршија кога ја откривме) не ни даде терапија. Следниот месец имаше симптоми (тт, растечен и затнат нос,кашлица,наод на плуќа) па пиеше антибиотик според антибиограм.
Мајки што да дадам на бебе 10м за да спадне убаво температурата? Два дена веќе има давам сируп далерон над 38 со 5 кога ќе крене ама спаѓа до 37 со 2, под тоа не спаднала..па за 4-5 часа пак качува над 38 со 5. Нема ништо на плуќа, нема затнат нос и не кашла. Ништо не јаде и не пие, само цица и одвреме навреме се залажува со бисквити, каши одбива..
Пробај да тушираш без главчето и чорапи со оцет натопени. Гледај температурата да ја спаѓаш од нозе, а не од глава. Масажа о разреден алкохол.
Леле исто беше и моево бебе со температурата утре ќе биде подобра ќе видиш. Јас со топломер бев цело време у рака, увото и го проширив мислам Ја држев без чорапи и со маиче на кратки ракави. Само трпение, ќе биде подобра. Пробав се што до сега ти пишале, решена бев да пробам и компир и оцет во чорапчиња ако не и спаднеше ама пројде. 3 дена имаше температура, па три дена осип по телото. Седмиот ден немаше ништо.
@Brpbrp Ја туширам така без главче со млака вода, тоа само моментално помага. Ставам чорапи со оцет исто нема некој ефект штознам…Читав и наназад за алкохолот, каков користите, имам јас етанол 70%, тој ли го разредувате со вода? @kanella Дај боже да биде, греота ми е така изнемоштена и само цимоли.. Осипот од што се јави? Како го третираше? @*Ench@nted* ми е страв пошо бруфенот (блокмакс) е многу појак да не и ја симне нагло температурата па да ми јави грчеви. Од далеронот и давам колку што пишува за килажата, 2/3 од шприцот.
Осипот се јави како резултат од високата температура. Не ја чешаше, не и беше неугодно, не е опасен и не се третира. Траеше три дена, после тоа немаше апсолутно ништо.
Синомарин може слика да видам? ние сме 39 дена , педијатар ни рече да прскаме со синомарин ама од аптека ми рекоа дека не било за бебе
Има синомарин за бебе, ама да знаете дека синомаринот е хипертоничен раствор (2,3% NaCl). За секојдневна употреба јас мислам дека е подобро изотоничен да е (0.9%) како физиолошки раствор. Мислам дека хипертоничните се 3+ или 6+,ама не сум сигурна, не ме држете за збор. Во секој случај, најпаметно е да си го слушате педијатарот. Тој знае што и зошто дава.
Тие прскалките за 6+ биле, така во аптека ми рекоа, лесно можело да се оштети слузницата. Инаку педијатарката ми викаше земи прскалка полесно ќе ти биде за употреба. Контрадикторни се некогаш ептен
Цел ден е малиот со течна зеленкаста столица. На секој пола саат по малку. Преку 15 пелени му сменив. Дел е меко, дел воденесто како пролив. Имаше малку температура, сама му се симна. Гледам и забчиња го болат, ама ништо немав дадено. Ме замисли тоа проливот.. Давам секој ден Ваја пробиотик. Исхраната му ја пазам денес, ама ништо. Се јавив на доктор ми рече ентерофурил да земам. Во аптека ми напишале 3 пати по 2мл. Малиот е 16 месеци, 11кг. Добра ли е таа доза? И друго нешто, ме загрижува газето му е жар црвено, иако не го оставам какан, веднаш пресоблекувам, сепак му поцрвене.. Ставам судокрем, ама џабе, на секој пола саат менуваме пелена и само ставам, газето е жар, го боли и вриши кога го бришам.. Што да правам, што да ставам? И претходно така му се имаше случено при пролив, ама се среди од судокрем, нешто друго да пробам?
https://aptekibruno.mk/proizvodi/bepanthen-krem/ Не сум МК но гледам на оваа страна го има онлајн за продажба.
Здраво, дали имате давано чај од гранка од крушка, за течна столица кај бебе. 7 месеци е. И како се приготвува. Давам пробиотик и ОРС, пошто и повраќа ожи веќе 3ти ден не е смирено.
Вчера му се зачестија столиците, ама не помислив дека е нешто сериозно. Денеска се случува дури и на 15 минути пак да наполни пелени, дури и кога пробува да прдне знае да му се испушти. Сигурно преку 10 пати ми се покака, и тоа секогаш по малку. Столицата е иста како од раѓање. Денес му дадов биогаја пробиотик двапати, во упатството пишува дека може до три пати дневно при дијареа, па се надевам дека не згрешив. Не знам што друго да направам. Исто и ми поврна 2-3 пати, ама тоа мислам дека е нормално. И газето му е жар црвено денеска, дури и се исфрлил малку. Ставам бекутан од цинк оксид, ок е тоа? Инаку има две недели. Утре сме на педијатар па ќе видеме...
Судо крем можеш да мачкаш за осипот, ама и бекутанот што е со цинк не е лош. А во врска со столиците нормално е. И кај мене поголемата многу често полнеше пелени. По колку капки даваш биогаја? Мислам дека се даваа по 5к еднаш на ден. Не се сеќавам јас колку ѝ давав на малата