Само на топли. Ако му се ладни рацете и нозете не го лади, барем од мое искуство гледам да му се стоплат, па после го ладам. Стави чепче или сируп дај ако му е време.
Само на топли ноџиња се става оцет,кога се ладни екстремитетите уште ќе крева тт и тогаш никако не се става оцет за да се спушти. Од искуства на форумов може беља да си направиш. Почекај да се стопли па стави.
Однесете го вечерва во Систина, толку мало бебе не го држете дома со спуштено на плуќа, а и плус интравенска терапија на толку мало бебе неможе друкшие. Со нивниот извештај ќе ве примат.
@Jana06 @Sofi.ja фала ви. ❤️ @MilaSs12 4+ е. Прими вакцини попладнево и по 3ч по боцкање имаше 37,4. Рачиња топли, стапалца ладни. Само расслечен го чувам, по летен ромпер, без чорапи, му спадна по 1ч на 36,5. Го искапивме со помлака вода, цицаше и спие. Сега е океј, ама во случај да почни да крева, да знам кога да му ставам чорапи. Инаку опремена сум со цела артилерија до мене-топломер, оцет, алкохол, ефералган, блокмакс. Ама дај Боже ништо да не употребам. Туку, го легнав само по боди на кратки и куси пантолончиња, покриен со тетра. Инаку би му облекла боди по долги и долги пантолони, покриен со кебенце. Да не го преладам па или океј е така да го оставам да спие?
Не можеш да не дозволиш да качи. Кога се ладни рацете и нозете или има треска, телото се бори да ја покачи температурата што му е потребна и треба да му помогнеш односно да го стоплиш. Откако ќе ја постигне температурата што му треба тогаш се разладува постепено, значи со туширање со 3-4 степени пониска температура од телесната, масажи со разреден алкохол итн. Јас лично ич не ги сакам тие бабинските начини на симнување температура ама во момент на очај се ќе пробаш.
Оо па добро, јас мислев висока има. Не се секирај, не е температура тоа. Остави го да спие исто како и секоја друга вечер.
Исто и јас не ги сакам ама ете од мака кога прими вакцини малава и ставив од што слушам постари и ја спушти малку ама после одма ми качи па ја расоблекв и истуширав
Абе јасно, кога нема веќе што да направиш ќе пробаш се. Јас ја зезнав работата од слушање стари првиот пат кога се разболе малиот, од тогаш само доктори слушам. Ни туширање не помага баш многу, само купува време до следна доза сируп.
Еднаш ќе се заебеш ама за нареден пат ќе знам да не слушам постсти да си працам како што ќе ми каже доктор. Иначе нас сирупот ептен ни помогна тогаш .
Синко беше болен скоро и ова со алкохол и вода баш му ја спушташе температурата. При вакцина давам сируп ама кога имаше вирус добро му беше кога го мачкав. Алкохолот го лади телото, не е бабин лек.
I mene mi e tusiranjeto dzabe nekako...posle vakcina ja tusirav uste ne stignav da ja oblecam se kaci 38.2 i si izvadiv sirupceto
Не зборев за алкохол и јас го ладам така, исто купува време. Ако е вирус ок, ако е бактерија ма не знам што да направиш џабе. Додека не почне антибиотик, не симнува температура.
Кај бактерија и треба да не е резистентен антибиотикот. Јас пиев цела доза антибиотик џабе. Па брисеви и пак одново антибиотик.
Оф, зборувај ми за антибиотици. Цел живот сум со нив, гнојни ангини стално и матичната веќе знаеше кој е проблемот и на невидено препишуваше антибиотици. Во средно веќе ништо не помагаше, па ме шибаа инекции со лидокаин, за на крај на 21 година да вадам крајници кога веќе имав голема штета на зглобовите од стрептокока. Сега барем подобрите доктори не даваат ништо без брисеви.
Бебево има мрсолчиња, не и тече носот не и е затнат туку и седат на крајот кај грлото нз како да опишам. Кога шмрка и диши се осеќа најмногу. При цицање и спиење знае да и засмета. Како да и помогнам да ги исфрли? Шприцам спреј за нос, друго што можам? Она со сецкан кромид помрај креветче само за затнат нос се користи? Едит: не можам да и ги излечам со тоа за собирање мрсолчиња, ептен како на грло да и седат не и излегуваат. 9ипол месеци е.
Педијатарот на синко не дава ништо без крвна слика прво а потоа брисеви ако треба. Само прополис советува да прскам, што и за мене користам кога ме боли грло. А мојата матична порано си даваше. Сега е многу постегната и првин бара брисеви и кс.