Unrelated на темава, каква штета на зглобовите, како приметивте.. Јас сум цело детсво со ангини, и на малиот му се партал крајниците. Ни закажаа за операција во воена, па фати коронава додека чекавме редот (10месеци). Ме интересира на што да обрнувам внимание, ќе го носиме на приватно ако не бива. Back to the topic, Малиот ми беше хаос со високи температури и нагло качување, а тешко симнување на температура. Разладување со алкохол и вода, рендан компир во чорапи со оцет на топли нозе, тоа највеќе ни помагало.
Дoбивме инхалациjа и антибиoтик. Мнoгу ми е жал, малo е. Ама тoа е сo пoгoлема дада дoма. Премнoгу ми е кривo за антибиoтикoт, нз какo ќе гo заштитам oд пoгoлемoтo. Битнo, маjки не се пoтпираjте на мислење oд детска клиника.
Го носевте во систина? Инаку уште еден пример за лошо искуство од клиника слушнав денес, пријател кажуваше како ги расшетувале со малата 5-6год со болки во стомак и повраќање. На детска хирургиjа, една клиника друга трета, као се сомневале на слепо црево,на крај испаднало дека има стомачен вирус. Вика 5 саати со дете изнемоштено од една врата на друга. Нека поминува побрзо на батко
И моето бебе така настинува, носот никако не тече ама внатре полн е и само крче. Ставај му спреј, кромид можиш, на перница да спие малку да е на поткренато. Јас мачкам и биосепт маст, а можиш и да даваш ц витамин капки.
Многу одамна беше веќе имам заборавено детали ама најпрво почна левото колено многу да ме боли, ми откажуваше ногата не можев да стапнам. Па почна да потекува со црвенило, правев рентген и не покажа ништо, ми препишаа само некоја маст. После 2 години почна и десното колено и одма после тоа зглобовите на прстите, лактите итн. Идев на секакви лекари, реуматолози, ортопеди и на крај кога ме фатија бубрезите матичната се сети дека е од стрептокока (ми објаснуваше тогаш ама заборавив, има на интернет како се поврзани можеш постручно да прочиташ). Ги извадив крајниците ама касно, сеуште имам проблем со зглобовите при промена на време. Инаку, се сомневаа кај малиот на трет крајник и ми рекоа да го однесам на преглед кога ќе оздрави ама прочитав дека е многу непријатен прегледот и баталив. Не би сакала уште сега да го изложувам на таков стрес зашто сметам дека операција на трет крајник е непотребна само заради едно разболување. Здравје понатака ако се повтори ќе го носам на орл.
Не матичната ми даде инструкции уште вечертс пoчнав сo инхалации, тапкање пo грб. Утрoтo пак гo виде дoдаде и антибиoтик. Ќе пoмине
Мајки, за реакција после вакцина, малку покачена тт и омалаксаност, доволно ли е туширање, цицање почесто? Сируп не давам зошто околу 37.6-37.8 е тт.
Мајки, секакво искуство и совет би ми помогнало. Бебето е 7 месеци, има стомачен вирус, многу чести столици. Стигнавме и до клиника, кажаа дека не е бактерија, не е рота, но не се смируваат столиците. На адаптирано млеко е, и плус давам оризова вода, компирче, банана. Имало ли некое детенце вака, и по колку време трае вирусот, веќе една недела е кај нас.
Мајки ми треба совет Син ми од вчера почна да поткашлува вчера помалку денес малку повеќе бидејки е викенд матичната не работи незнам што да му дадам вака е весел не е омалаксан нема темп кажете некој бабин лек за кашлица секако ке го носам на матичен утре ама нешто што можам да му дадам до утре ако знаете би било од помош инаку 9++ е
Чим малку повеќе кашла денес носи го негде на дежурно батали бабини лекови да не си направиш проблем па вечер да трчаш по лекари. На толку мало и нема што лек освен за носот диво оригано да земеш и ако има на плуќа ќе треба антибиотик да пие.
Мајки знаете ли колку кошта хоспитализација на мајка со бебе во систина-од ден? Ми предлагаат државна ама така лошо искуство имамсо детска клиника да не ми се враќа таму пак а бебе е со наод на плуќа и мора да е под надзор..
Околу 250 евра за мајка и бебе. Ние на Детска клиника лежевме на оделот Доенче и од персоналот педијатрите сум презадоволна само тие доле во амбуланта се хаос. Не се 4 дена за лежење затоа многу му доаѓа во систина.
Мајки што да дадам на бебе 9 м за да спадне убаво температурата? Два дена веќе има давам сируп efferaglan над 38 со 5 кога ќе крене ама спаѓа до 37 со 8 под тоа не спаднала..па за 2 часа пак качува над 38 со 5. Нема ништо на плуќа, нема затнат нос и не кашла. Ништо не јаде и не пие, постојано плаче,го однесов на детско ми рекоја само сирупче да давам друго ништо ,ја му ставам и оцет на чорапите ама џабе постојано му е висока