Што ти рече каков синомарин да земеш , има и на прскалка и капки Јас му ставив капки ама полесно е со прскалка па незнам
Ова е пробиотик , ние го користевме за малата на почетокот , јас од waya сум позадоволна . А за грчеви други капки се ,не се овие.
Колку време може да се користи купечка вода за бебинја за спремање храна и пиење од кога ќе се отвори прв пат шишето? Без разлика на тоа дали станува збор за специјализирана вода за бдбиња или обична( изворска, ладна)?
@Annath Пролајф пробиотик , колку се дава на 8м бебе , цела течност или пола. 8м е 10кг бебуш , ама дозирањево ме буне , а гледам ти си запознаета подобро со него..
Цело сум давала, знаеш дека прашокот е во капакот, се врти да падне во течноста и да се раствори. Целата количина дај ја слободно.
Леле не знаев , фала што ми кажа , јас земав 3 , не сум давала претходно , да видам како ќе му годат на меше , нешто почна тврдо да кака и овие ми ги препорачаа . Фала уште еднаш
Здраво мамички, Ве молам за еден совет.. бебенцето ми е 15 дена, но ми јави проблем со стомачето и еве веќе две ноќи не сме спиени..постојано си плаче. На педијатар ми рече да го прекинам пробиотикот, да не го давам воопшто туку само кога има вака мака да му давам од Бекутан капките против грчеви. Не сум баш сигурна дека треба пробиотик да прекинам, посебно и затоа што сум породена со царски рез.. Дали има некоја слично искуство, и дали можи да ми посочите дали да му дадам 10 или 20 капки од овие Бекутан против грчеви? Зошто аптекарката не посоветува да сме даделе 10 ..а на упатство пишува 20.
Prvo smeni si go pedijatarot ocigledno ne vi odi muabetot. Carski sum i jas probiotik davav do 5 meseci, a za grcevi colief kapki pred sekoe doenje. Imas tema baska za grcevi mozes da si vidis koj sto pravel. Inaku toa e period ke pomine,guskaj bebe i stavaj mu toplo na stomaceto
Некој слично искуство... пролив само еднаш во денот и тоа наутро, потоа нормална столица. Весела е, без тт, си јаде, си цица, ама вади 4 заби наеднаш. Не знам дали е од нив или е од друго. Од дефендилоѕ не би требало? 12.5месеци сме
Тоа не е пролив. Пролив е барем 5-6 столици во рок од еден час. Кај твоето дете е течна столица, може да е од вадење заби, ги голта лигите и столицата е потечна.
Не знам што да правам веќе мајки. Бебето ми е 6 месеци, префати некој вирус од брат му, катастрофа е 3 дена е со температура до 37.8 макс, кашла, носето му течи, нормално носен е на педијатар секој ден. Почнавме со физиолошки да инхалирам, немаше ефект, додадовме вентолин, и капки герамицин во нос, нема ефект. Денес и увото како да е малку воспалено, крвна слика во нормала и црп исто. Заради уво ни дадоа цефалексин. Денес и вчера кака почесто по малку, како малку проливче да има. Послабо ми цица, пробав и електролити да давам слабо ни оди. Во 3 дадов прва доза антибиотик, по 2 сати линекс дадов. Сега видов пелената како кога имаше урати како портокалева розева мокрачата. Газето се вцрви исто така. Не знам дали е од антибиотикот или од проливчето? Што да правам мајки се изнамачи детето. По цел ден само плачи. Се плашам да не е некоја реакција ова со мочката и газето од антибиотикот ми е страв на 8 саати треба да давам. Совет некој? Ми е страв да не се влоши со газето дополнително, намачкав крема некоја од дм. Ќе пробам во текот на ноќта во спиење да го дојам почесто. Не знам кога ќе се подобри ситуацијата веќе повеќе од недела дена го гледам дека почнува да пријавува симптоми и еве до кај стигнавме. На гради нема ништо. Помош
За осип на лицето смеам ли да ставам Судокрем? Вчера беше малку нафрлен, сабајлево цело лице, а малку и во косата има. Утре секако ќе го носам на лекар, ама до утре... Има ли некоја вакво искуство?
Ништо не мачкај, само истуширај го и види да не муе топло. Од топло така се исфрлаат исто и види од прашакот да не му е и плави ги два пати.
Ај и јас да ги пишам моите маки со почеток градинка втор пат ми се разболува во размак една недела. Првиот пат висока температура три дена од кој само еден ден над 38, со високо затнат нос. Инхалации, витамини, фитодерм на градите; помина. Следниот викенд пак исто ама со поупорна температура која ни сируп не ја симнуваше. Овој пат и туширав и разладував со алхокол додека дојде за пак да дадам сируп. Мрсули зелени викам гарант и бактерија закачил. Отидовме вчера на лекар крајниците само што почнале. Сега прв пат давам и цефалексин на 10 месечно. Давам и блокмакс кој испадна подобар од ефергалан. Друго се по ред носе чистење, инхалации, пробиотик, витамини, крема гради и грб, ладење по потреба. Прашањето ми е што да очекувам дали брзо поминуваат крајници кај бебе, треба ли уште нешто? До кога антибиотик? @Mila_Skopje да се надоврзам и ние заби вадиме, одбива да пие течности од шишето со клунче мака мачи со доење а само тоа бара цица се трга зема здив...