Ааа и ние пред 3 недели завршивме на антибиотик и тоа Трицеф. Ај затната, ама од бели дробови свиреше, па инхалации со физиолошки и атровент и за една недела ко ново дете. Температура 38.5 со парацетамол не се симнуваше затоа што го повраќаше па сстаавав оцет на нозе и масажи со алкохол. Сега е друго, јаде и тоа без проблем, се е супер само носето. Сега заспа и ставив кромид до креветче и мислам подобро е.
Нема по телото, затоа не помислив дека може да му е топло или од детергент. Од детергентот сигурно не е, истиот го користам, до сега немало реакција. Се мислам дали е можно да е псоријаза, татко му ја има, знам дека е наследна...
Мајки, дали ви се притресуваат бебињата? Значи 6 месеци сме и знае по неколку пати во текот на денот да ми се притресе, како да ѝ е ладно, а знам дека не ѝ е. Најчесто ако се возбуди, или кога ќе сака да ја земам. Мислам дека читав на форумов некој имаше слична ситуација ама не можам да најдам.
Да не сум јас? Моето се тресеше од нервоза, ако збориме за истото си помина само од себе околу 14 месеци ми се чини беше последно.
Исто и мојава се притресуе, 10 месеци, скроз исто како што опиша ти. Не ти помогнав, ама ако најдеш одговор тагни ме да прочитам.
Не знам, можеби. А можеби и @mssuniquee да беше. Сепак фала на одговорот, ми значи. say no more Па и бабиве тоа ми велат... Се надевам не е ништо. И реално не изгледа како да е нешто сериозно пошо си е весела цело време, ама чепкав по чичко Гугл и ми излегоа Seizures and spasms иодма филмови...
Сега те сфатив за какво тресење збориш, да и мене така старите ми викаа дека мочаат тогаш. Баш така изгледа како од студ тресење. Инаку пишував неколку пати за тресење на главата помислив тоа да не е.
Сум чула мислења дека мочкаат, еднаш го легнав расоблечен и се измочка но не се тресеше така да јас не би рекла дека мочкаат. Период е, не се грижи ќе помине
Баш околу тој период, тие месеци, мене тогаш ме смири фактот што и негови врсничиња ги видов исто така се стресуваа
Еве сега читам и некои постови од членки од 2015та година, и баш истите прашања се поставувани, дали е нормално да се подстресува како ние возрасните кога ќе ни пристуди, и како кога ќе пробаат нов вкус. Веројатно е поврзано и со никнувањето на забите. Ќе видиме, ќе следиме.
Симптомите на вирус траат и до две недели, нека си прима терапија и дој го почесто, давај му чајче бекутан или некој друг за бебиња, редовно чистење на носето, мачкај на гради и грбче биосепт маст, можиш да му даваш и ц витамин капки. Ставај го да спие на малку поткренато за полесно да дише од носето, насецкај кромид и во тацна во собата кај што спие. Тоа за мокрачата консултација со педијатар. Мачкај со судо крем многу е ефикасен за црвенило. Подобрување треба да има после два три дена од терапијата, само внимавајте на увцето носи го на редовни контроли кај матичната.
Да, се притресува кога ќе се возбуди за нешто, изгледа како струен удар да има Мислам дека е нормално. 10месеци е ќерка ми.
Мајки бебево 3 месеци и гледам кашла, искуства некои што би ме советувале? Денес со една мајка истиот матичен што ни е, ми рече премногу гужва е деновиве кај него, не ми се оди да чекам со саати. Нешто се дава на толку мало бебе?