Давај и и пробиотик, сирупче харви нурс, капки со лактаза (колиеф, колипрев), ставај и топло на мешето, прај и масажи и издржи, ќе поминат.
Јас варев сливи и го пиев сокот а плус и суви сливи јадам и сега кака секој втор ден. Ако го доиш пробај.
Јас не дозволував бебче да е некакано повеќе од три дена. Ми е жал да се мачи и витка и затоа по препорака на педијатар земав глицерински чепчиња за деца и едно чепче го сечев на четвртинки и една четвртинка му ја ставав во газето уште кога имаше неколку недели. Не стигаше да се растопи, веднаш почнуваше да се кака Не станува зависно од нив, после тоа нормално си се кака но искрено во периодите кога има мака нас ни се вистински спас
Дали е нормално бебе 4+ да кака само 2 пати дневно? Некогаш помалку, некогаш да не можеме да се дочистиме. А си мочка често, на секое менување пелена е мочкан
Јас мислам нормално е, нека кажи и некоја друга мама. Моето кака секој ден или преку еден ден. Секој ден е помалце а преку еден ден многу има. Со малце само газе миеме а со многу цел го бањам, лом се прави.
Ти благодарам Јана. Вода секако не ми пие многу, доброто е што доста често цица деновиве, повеќе од вообичаено. Па се надевам така надохнадува. Пробиотик и давам два пати на ден, секако по препорака и од педијатар. Има стомачен вирус, викаат 3 до 4 дена траел. Се надевам ќе помине побрзо.
Бебуш неколку дена ми беше со растечено носе. Го носев на педијатар се беше ок, крвната слика исто добра. Но има насобрано шлајмче во грлцето. Значи не му смета си диши, спие, јаде нормално. Ама знае да поткашла еднаш, два пати во денот и приметувам дека има шлајмче. Докторката ми рече само солен раствор и црево. Сега веќе скоро и да не му тече носето. Предлог што можам да направам За полесно да го исчистиме грлото од шлајмчето?
@Luna91 Исто сме изгледа и ние од вчера вечер. Бебето почна да подзакашлува ко да се дави му смета. Спиеше скоро нормално ама еве сабајлево пак исто. Како кашла му излегуваат проѕирни мрсули и низ уста вади малку шлаемче. А вака весел си е. Ме плаши малку. Дали да го пратам или на дежурен да го носам?
И моето е исто. Го носев кај педијатар, ми рече дека е ок, да му чистам носе и да прскам спрејче. Се надевам ке бидат бебушки ок.
Исти сме. Нас ни кажа педијатар 2 пати дневно инхалации со 2.5мл синомарин. Капење физиолошки и чистење носе и да капеме од капките со оригано. Шлајмчето рече само ќе се исчистело. Ноќеска беше подобра не и беше толку насобрано, па се надевам ќе поминува веќе.
Пред два дена кога ја однесов на педијатар немаше ништо на грло, само поткашуваше и мрсулите беа проѕирни, ни кажа само солен раствор и влечење со аспираторче. Ама од синоќа полошо како да е, скроз се затна, и кашлањето е со друг звук, по влажно и по силно. Се молиме за цицање, упорно ја ставам, ама тешко иде и цицањето. 6месеци е, не знам што да правам друго, и кажете ми Носко каде да го купам, во која аптека го има?
Мама јас мислам да ја носеш на педијатар да ја слушни, оти многу се малечки и брзо може да им се спушти на плуќа. Негде низ форумов прочитав дека некоја мајка купила носко од аптека Оскар.
Имам замрзнато во кесички по околу 10-12 сливи и си ги варам во тенџерче од прилика во 2л вода. И си го пијам како сок.
Majki bebe mi e 2meseci i denes treba da prima vakcina rota no noseto mu e zatnato malku dali moze da se prima so zatnato nose i tolku malo. Nekoi nus pojavi od rota.
Однеси ја, ќе ја прегледаат. Ротата се става заклучно со полни 12 недели. Реакции од рота се почести и потечни столици.
И нас ни кажаа од денес инхалации. Може ли да ми кажеш како инхалатор користиш, или препорака некоја?
Јас го земав на емед од Зегин тој со мече форма (имам слика во последно купено). 1699 денари не е многу скап а супер е. И возрасни може да го користат.