Ти благодарам, така спие, на голема перница. Не знам дали треба после ставање на спреј во носето да му го чистам со пумпица и колку време ќе треба да помине да се оправи? Примавме вакцина пред 3 недели, малку е слабокрвен и не успеавме да се заштитиме од вирус, поради паднат имунитет. Цела зима со куп луѓе околу него не се разболе, еве сега. Се велев нема да гу унежнувам многу, ама не било до тоа, такво е детето.
Не се секирај, ќе ојача. Мојата моментално е со затнато носе, ама брисот е чист. Само со спрејче од диво оригано прскам и не чистам. Со пумпица ќе влечеш само ако видиш дека му тече носето, да има видлив секрет. Инаку нема потреба, ќе се чисти самото. Знаете која беше причината што спушти? Вирус, бактерија?
Вирус, брисот и кај нас е чист. Првин почна да се накашлува, мислев дека од плунката се закашлува. Се јавив кај докторката за да не го влечам во болница, истата ми кажа нема потреба да доаѓате, ставај синомарин капки и чисти носе. Спиев на тоа уво и детето за 2 дена спушти на плуќа. Со кој памет и јас не го одведов одма на преглед кај некој поасален доктор, туку чував бебе така дома. Памет за друг пат, да се реагира на време, а не да чекам.Ама прво дете, прв пат се соочуваме со вакво нешто, си викам докторката сигурно знае, ама не било така. Секретот на кој начин се чисти, ако јас не го вадам? Во изметот не приметувам шлајм, носето не му тече, помалку има лиги ама не наликуваат како на почеток на шлајм?
Моево за два саати во чекална спушти. Сабајлето се накашла 2-3 пати и знаев дека треба одма да се реагира. Дури чекавме, почна сѐ повеќе да кашла. На преглед веќе имаше спуштено. Не се секирај, се чисти најверојатно преку измет, но можеби не можеш да видиш. А осеќаш дека му крчи носето или? Може вади заби. На мојата сега ѝ крчи носот од тоа.
Го гледаше докторката во Систина, рече дека нема да му излегуваат заби, иако се лигави, нервозно е, става раце постојано во уста, се гледа дека непцата ги чеша. Од вчера почна како стар да крчи во спиење, неколку пати во ден се накашлува , носето не му тече. Утре сме на контрола па ќе видиме што ќе кажат. Ни рекоа во наредни 3 недели да сме во изолација, да не се вмешуваме со луѓе, па дремеме затворени внатре. Температура ниту еднаш не качи!
Веќе втора недела носето му е затнатно,прскам синомарин спреј и влечам со аспиратор некогаш има многу секрет некогаш малце. Брисот и крвната слика се одлични,денес го носев пак кај матичната го слушна нема ништо на плуќа. Ми рече да продолжам со спреј и чистење на носето. Ставам кромид навечер као подобар е ама пак хрчи со носот. Што може да превземам друго пошто више пукнав со ова носе. И ми рече може да го носаж на вакцина само да ја поновам крвната слика.
Пробај да го инхалираш со синомарин, Нас така подобро ни се покажал. Еве и малава ми хрчеше со носето и ја однесов денес на лекар и само инхалации со синомарин ни даде и веднаш подобра е. А претходно и капев ама немаше подобрување, а само два месеци има.
Исто и мојата беше без температура. Во иднина ќе знаеш и ќе го носиш на преглед ако ти е нешто сомнително. Кај бебиња е така, некогаш и саати се во прашање за да направи опструкција. Пиши утре како ќе поминете на контрола.
бевме денес на педијатар...ми рече главчето и било искривено на десната страна..ќе треба вежби во болница...но ми е страв од морбилите...3 месеци наполнивме пред два дена...мм ке оди да праша како што зошто..да не лутаме по болницине сите тројца..некој искуство со тоа? како што зошто? гледав при спиење рамномерно да ја вртам и лево и десно
Nemoj da se obvinuvas deka ne si go odnela na vreme, moeto na mesec dena spusti a pred toa na dva den go nosev da go slusnat ama kaj bebinjata mnogu brzo se menuva sostojbata. Vo Kozle imalo poseben oddel za morbili ama pak kolku bi bilo sigurno neznam. So pomin samo neka e.
Може, а може и обична настинка е или сув воздух дома ако греете уште. Ставај кромид на спиење, ќе му олесни.
денес проверивме крв ..леукоцитите покачени драстично...носето тек тук малку затнато...други знаци нема..што може да биде? педијатарот рече ништо нема, дека носето не е страшно можеби е од времето... вчера ја прегледа а денес проверивме крв (утре ќе провериме брис ама после 3 дена резз..многу ми е страв..)
Одете веднаш на лекар, не знам за колкава бројка станува збор ама 3 пати повишени тромбоцити е алармантно.