Се надевам дека вие ќе помините поубаво, ние многу лошо поминавме со петтовалентната...не во смисла на температура...туку една недела детето ми беше пре вознемирено...само плачење, никако не заспиваше, мислам ми побеле коса тогаш...Ви пуштам среќа да биде кај Вас се во ред
ои душиче мило. Девојка му вчера примаше прва петовалентна и превенар. Синоќа тешко заспа и така си подплакуваше, ко да се потсекаше (а и ја со неа). Денес ми качи 37.3 тт и поспана беше цел ден. Дури вечерва и падна на 37.1 и беше весела се изнасмеа.
Маjки мислење Бебе 6 месеци пред 2 недели примаше тoбрекс капки вo oкце затoа штo кoга стана му беше залепенo какo сo жoлтo и црвенo. Гo oднесoвме на лекар за 5 дена се среди. Утрoвo иста приказна, изгледа се пoвтoрила инфекциjата. Педиjатарoт ме сoветуваше да пoчекам дo утре да видам какo ќе му биде акo не пак тoбрекс... Некojа маjка вo слична ситуациjа?
И јас мислам ко Мила, брисеви да направите пред да почнете било шо. Чисти му го редовно со стерилна газичка од надворешен кон внатрешен агол на окцето и кај каналот благо притискање како масажа.
Искрено не знам за физиолошки. Има и газички за чистење очи, Иридиум мислам дека се викаат, не сум сигурна, тие се веќе влажни.
Тогаш брисеви да си на чисто. Довочно време поминало од ставање капки. Марамиците ти се доста скапи, газа стерилна и вода превриена.
Изгледа помина од парацетамол, се смири. Фала на советот Душичка, мачно им е Превенар ние ја одложивме за нареден месец, докторката ја одложи. Таму воопшто не заплачи, само се натажи и толку. Имаше деца други, гледаше во нив и заборави да плачи Ама затоа дома цел ден си плачеше. Од парацетамолот помина изгледа, мирно си спие.
И ајде сега ред мрсули ред солзи. Неможе да спие ептен е затнат, цел ден носето му течеше и сега му се затна. На маж ми у аптека му дале замена за Aqua Maris на Бекутан искрено мислам дека се тешка глупост. Првин неможеш да му ставиш у носе значи не прснува освен ако не е исправено боцичето, а второ мислам не излегуваат од внатре мрсулите така лесно. Освен ова што смеам да му давам/правам, како на пример инхалации смеам или не смеам, имам апарат инхалатор. Ставив кристалче ментол во топла вода демек да подиши ама он не знае да повлече хаха сака да ја лапа шолјата хахах ајде тука видов кромид ставив до перниче, додека да се вратам он го докачил го лиже сега целиот мириса на кромид…
Нас ни рекоа исто, наредна контрола ќе закажуваме термин и до 10 месеци да го средиме тоа после да не биде потрауматично. Ама мене ептен ми фуфка, ќе треба таму јас да го држам маж ми на вакви работи не само што не е присутен во просторијата дури се паркира уџум хаха. Немаше плачење после и проблеми со јадење, цицање?
Го замислив со кромидот Нашава докторка не ни дозволува инхалации на своја рака, ниту со физиолошки. Вика да не направиме бетер... Стави го кромидот подалеку од дофат и ств делува. Измиј го носето со физиолошки и шприц и тоа ептен помага.
Ама ем шлапка ем се намуртил и нормално плачеше кога му го земав, па ги омекна тоа мрсулите хаха Па и така мислев дека не треба на своја рака…ама ептен се живцирам вака што дише на уста сега, како Дарт Вејдер е…
Sinomarin kapki zemi se prskaat tie ubavo. Davam igracka i dur se svesti prsnato i e vo nose e posle za vlecenje mrsuli placene ama toa e. Inace sinoka do 22-24 nejkese da.spie i eve ja vo 5.40 stanata....
Ова за подврзано јазиче прашуваш? Не го најдов мислењето од членката, дали е за тоа. Ако е, 2 секунди работа. Што помало, тоа подобро, бидејќи ако е поголемо, ќе треба со целосна анестезија, бидејќи ќе мрда многу, така барем ни рекоа. Ние бебе го однесовме 2ра или 3та недела од раѓање, се мачевме со цицање, не бевме сигурни дали е тоа, плус рекоа може да има проблеми со говор, од болница ни рекоа да чекаме, дури ако појави проблем со говор тогаш да го носиме, но советот на патронажната беше да одиме и ја послушавме. Глас не испушти, само го сецнаа и готово. Јас и маж ми бевме како дамла да не удрила, а не беше ништо страшно. Никаков проблем немаше после тоа, си цицаше супер. Него јас да прашам, бебе ми е родено со мало израсточе на увцето. Тоа е само задебелена кожичка, како што ни рекоа, само козметички проблем е, ама добро е да се отстрани. Значи, помеѓу обравчето и увцето. Добивме упут за хирургија, треба да го носиме до крај на февруари, ама многу се плашам од таа целосна анестезија. Има ли некој искуство со такво израсточе, како е после тоа, дали го боли? И општо со целосна анестезија кај толку мало бебе, би имал максимум 10 месеци до тогаш.