@IRBBB, @Annath Брис не сме направиле до сега. Ме чуди зошто никој не ни спомнал. Заборав да напоменам дека една недела стававме Тобрекс по совет од педијатар и немаше подобрување. Се консултиравме и со очен доктор кој ни кажа дека не може да се интервенира бидејќи е мало и даде ист одговор како матичната.
Ај мајки за с совет. Малата (7 месеци) настина и пиеше антибиотик шуруп и капки за носе со антибиотик. Пиеше 7 дена, беше подобра и еве од сношти пак е затната. Антибиотикот го прекина пред 1 недела. Попладне е докторката на работа, ама не ми се дава пак антибиотик.. Има друго чаре?
Мајки помагајте. Бебе на курето беше малце црвено, го носев на педијатар. Ми кажа дека е од мочката и ми даде крем со невен да мачкам. Ама денеска се вцрвени многу. Пратив слика на педијатар, вика продолжи да мачкаш. Си моча редовно, а рака само ја држи таму, мислам дека го чеша. Дали да барам друго мислење? Некое искуство? Спојлер: Слика
Барај друго мислење бидејќи се влошува. Мојот син беше вака и му дадоа кутерит веднаш помина но имаше 5 години. Незнам дал е за бебе.
Кантарион да капнуваш,ќе се среди. На поголемиот така му се имаше направено. Ама сепак да си сигурна прашај си за друго мислење
Ако делува и како потечено можеби ќе треба да се исчисти ,ако насобрало маст и т.н Кај син ми слично вака изгледаше само беше и како потрчено малце. Јас не ни приметив мајка ми примети. И имаше гнојче насобрано. Прашај за секој случај и друг педијатар или однеси го да го види во живо.
Читнав тобрекс капки дека користите за скоро 5 месечно бебе. И јас треба да ги користам за беба која ми е 6 месечна. Ама на упаството пишува дека не е за деца под 2 годишна возраст. Сепак, дали се безбедни ?
Ги стававме кога беше 3 месеци по препорака од педијатар. Искрено не се посомневав во препораката бидејќи сепак е од стручно лице. Не ми текнало да прочитам упатство. Сега ме подзамисли малку.
Да не пиел антибиотик во скоро време? Кога го отвараш има бело насобрано? Ако има исчисти го и намачкај убаво внатре канестен маст. Мачкај ја главичката, не само надворешно.
Можеби единствена причина е затнато каналче, можеби не е бактерија. Ако е само едното око, каналот е. Масажи применувај редовно, чисти со физиолошки и доста е, ќе се среди околу година, барем такви се искуствата. Купки со камилица помагаат многу. Ќе ставиш во легенче концентриран чај од камилица, ќе додадеш вода и ќе го седнеш детето внатре, и да не седи, ќе го придржуваш, чајот да биде на температура за бањање и куренцето да е потопено во него. Нека се прошлапка детето, помага многу кај вакви црвенила и воспаление, од доктор ми е советов кога малото имаше баланитис. Што чуда излегоа со купката... Кај моиве од раѓање ги користам, по препорака на педијатар секогаш.
Нема пиено антибиотик до сега. На доење е, од скоро почнавме со вкусови. Да , има бело на врвот. Ќе го ставам во камилица сега како што ми кажа @Annath па ќе намачкам со канестен. Фала ви
Како што ти кажа Анатх, јас правев исто во чај од камилица, почекај да омекне и тогаш отвори и исчисти убаво. Колку што дозволува, немој на сила. Ставај го неколку пати на ден и полека ќе се исчисти. После намачкај убаво со канестен, затвори и ќе помине за неколку дена.
И кај нас исто вака се направи, по препорака на педијатар го мачкавмае со хлорамфеникол 1% ( за очи што е). За 1- 2 дена му помина. Го миев со камилица, и отворено малце маст ставав, па затворено. Знае понекогаш да му се направи пак...и исто многу го чеша...
Јас пак со истиот проблем. Сега почна и надолу да се црвени. Носен на предијатар 2 пати (последно денеска) вика осип е мачкај со крем. Мијам со камилица секој ден, го мијам 2-3 пати денот со вода само. До сега пробав со канестен, маст за потпарено, мустела пеленска, бејби лав за осип, фрезидерм, судокрем.. Нема никаков резултат со ништо. Цело време се чеша дури и преку памперс, само таму му е раката. Сменив и памперси. Што да правам, некој друг крем? Спојлер: слика