Твоево беше побуце, ама како потечено изгледа? Јас третирав со маст гентамицин измешана со канестен два пати на ден,измеѓу мачкав судокрем. Одмивав со вода со сода по неколку пати во денот.
Даа, многу е буцкаст. И мене ми изгледа како потечено, педијатар ништо не кажа. Ајде ќе пробам и така. Фала ти.
Моето е женско имаше и кај неа црвенило еден период кое се ширеше со различни креми кога пробвав да го средам, по препорака на педијатар ми пиша рецепт да ми направат крема во Хигија по 3тиот ден се смири (само навечер мачкав, со кортико ама беше кремата). Консултирај се со педијатарот дали смета таква крема дали би ви помогнало, јас ја имам за не дај боже (во Хигија ми рекоја нема рок само во фрижидер да се чува),да ти дадам ако сакаш.Исто мислам и оелените Виолета поттикнуваат црвенило, само за навечер ги користам не ми прокиснуваат, денски не.
Виолета пелените ги сменив уште првите денови. Ама мислам дека не е од нив. Утре сабајле ќе се јавам на предијатар да прашам за кремата. Фала ти
Здраво мајки. Малиот(2 месеци) има препонска кила, почна да се зголемува и да се спушта кај тестисот, ни рекоа дека не е страшно штом може да се врати нагоре. Некој да има слично искуство
Кажете од што поминуваше црвеното во вратчето од многу лигавење и влажно што се прави. Мислам дека од пантенол поминуваше ама не сум сигурна. Сношти и судокрем ставив и полошо ми изгледа.
На фрези дерм има една специјална крема, периорал, баш за црвенило околу уста врат од цуцли и лигавење.
Штом те прочитав го однесов одма, бактерија било незнам како се вика. Ни даде терапија. Фала на советот
Фала Се чудам од каде таа бактерија. Хигиена голема му одржувам, пресоблечен на време. Немал никогаш до сега никаков пеленски осип..
Не е од нехигиена, веќе се во надворешен свет полн со микроорганизми. Сега се во фаза кога ги испитуваат гениталиите и тие се чепкаат, а претходно рачиња в уста, фаќале играчки, алишта и сѐ шо им е на дофат. Не се грижи сега, штом се знае што е, со соодветен антибиотик ќе се среди одма. Изгмечи го бебчо од мене.
Toa sto ti go pisala @IRBBB plus bi dodala se vrti li koa go presoblakas...najcesto i od toa zakacuvaat. Mali se malku treba da niv
Сега и ставив пудра за бебиња и има подобрување. Ќе имам во предвид за афлодерм. Многу се лигави сега и излегуваат заби и може кога ја хранам ќе се изводени. А гледам да ја држав сува колку што можам. 4 пати ја слекувам од сабајле додека и дојде време за прва дремка.