Мајки, малата држеше во рака мало чоколатце обвиткано со фолија, за занимација и го дадов ама после некоја минутка приметив оти ептен се стиши, кога ја погледнав она ја стиснала цврсто и растопила чоколадата, и шмукала од неа, цела беше со чоколада околу уста Само 5 месеци е, дали може да и биде нешто? Башка и млечна чоколада е А само на една минута тргнав поглед од неа ..
Битно е од фолијата да не каснала. За чоколадата, ќе пратиш, може стомачето да ја боли евентуално. Прати и на кожата да не јави нешто. И другпат не давај ништо што не е за нејзина возраст, сега се во орална фаза и сѐ ставаат во уста.
@LiliBoz @NarCis@ Цела е фолијата, само чоколадата ја шмукала. Во скут ми седеше и минутка време немаше од како и ја дадов за залашка пошо плачеше дури ја облекував .. Пред 10 мин е, до кога да очекувам реакција?
Штом е фолијата цела, смирено. Ќе пратиш до утре, би требало сѐ да е ок. Можеш да ѝ дадеш малку водичка ако пие. Сѐ зависи и колку шмукнала. Една другарка на бебето намерно му даваше мерси да шмука на 4-5 месеци, со слики, со сѐ
Антибиотикот е даден заради покачената вредност на ЦРП,сигурно докторот видел црвено грло. За жал антибиотикот ја нарушил цревната флора и предизвикал пролив. Следи состојба и давај електролити и пробиотик како што те советуваа. Извини Лолипоп заради цитирањево-сакав да објаснам за антибиотикот
Да, може да и биде само желба за уште толку слатко и убаво и да плаче.... Ништо не и е, само што фолијата е опасна да не и се залепи на непце...Јас на моето второ дете од два месеци му давав еурокрем, пудинг, вода од грваче...ееех..подобро да молчам за да не се факате за глава...Така да, не се секирај, но другпат чоколадо тврдо на мало дате да јаде само не се дава,,,,
и мене мајка ми ми давала. Па коа мораше порцелан на заби да ставам уште како тинејџер и светна кај ја грешела..
Ние во фамилија јадеме со тони чоколадо а сите имаме многу здрави заби и чисто лице..Така да нема везе благото со расипување на заби, ние сме жив пример..секогаш на систематски кога сме оделе, се чуделе како немаме ни еден расипан заб......
вие сте пример за реткост. А не за нешто што почесто е така во пракса. Може и нема да се проблем забите. Ама има некој ред на намирници. не за џабе е кажано што ќе јадеш во првата год тоа ќе бидеш понатаму во животот. Не дека ти судам таман работа, за твое дете ти најдобро си знаеш.
Незнам за каков ред на намирници мислиш, но мое време им с даваше на децата вода да пијат, оризова вода, чајче, матена жолчка, сокчиња...а сега мислам дека до 6 мс. ништо не им давате..уствари незнам веќе како ви е редот....Се се менува...мајка ми ме повивала со завој со нозете исправени едно до друго, ние со широк повој, вие со две пелени поширок повој...Моите нозе се прави како стрела и колковите добри...и...
намирниците се променети по распоред бидејки е дојдено до заклучок дека (пример сега давам) од 10 деца кои на 6 месеци пробале портокал 8 од нив јавиле алергија. Додека пак на 12 месеци тие што пробале 1 или 2 дали дале. храната се подели на висок и низок алерген. Затоа се препорачува висок алерген што подоцна. За широк повој и ден денес некој става. Јас не ставав на син ми бидејки мое мислење (а и на ортопед и педијатар што го води) е дека луѓето по природа се совршени. освен ако нема проблем некој со карлицата нема причина зашто да се става. Мене лично ми е како сечење уши на куче. тотално непотребно. Има промени многу. Ќе споредам со внука ми која има 6 и пол год откако таа се роди па до син ми ехеее. Еден куп работи се сменија а не па од порано.
Нема зошто извини, тука сме да менуваме мислења и да учиме. Црп се качува и од вирална инфекција, само не оди толку високо како кај бактериска. Ова и не е толку високо Црп, а со оглед на мирни леукоцити и покачени лимфоцити јас би рекла дефинитивно вирус. Сепак нели, јас ја коментирам само крвната слика, друго ништо не знам, многу се битни и другите симптоми како и колку време после првата температура е направена крвната слика, затоа и се што е кажано тука треба да се зема со резерва, сепак ова е само форум.
И јас сум од ,, помодерните,, мајки, и си признавам и не ми е криво, ама за ова со забиве и благото, тврдам дека е тотална грешка и се согласувам со Баба Рада. Син ми сите заби со тт и воспаление на ушк ги извади, благо и сокови до 3 год немаше пробано(додуша сок и сега не пие) ама еве го на свои 4 години сите 5ки му се изронија до корен, цели дупки има на место, почнуваат и 4ките. Не е се до јадењето и постапката на одгледување, има нешто што се вика и гени и потомство
Настрана забите, не е нормално толку шеќер да внесува возрасен човек, не па дете во развој. Ништо не им фалело
Бабе имаш среќа што ти се здрави и прави нозете. Со вакво повивање-врзување само се "исчашуваат" колковите. Потврдено од ортопед. Старата пракса и навики паѓаат во вода бидејќи медицината оди напред.
Треба пазење со благото сепак... И јас сум од сортата на баба Рада и целата моја фамилија Заби имаме бели и здрави а сите пушачи и благојадачи Кај мм не пушачи а заби катастрофа И гените си имаат улога