Mamicki pomagajte detevo dva dena mi povraka kako mlaz samo so kje ispie povraka so I da pie so I da jada povraja nz so da napravam poveke ja odnesovme nalekar poleka poleka I prolivce ima 5 pati vo denot nz so da napravam iskustva ve molam
Два дена бебе кога е нервозна и кенкава почнува да подзакашлува, како од грло кашлање, инаку не. Дали тоа од нервоза го прави или да одам да ја слушнат. Нема секрет во нос.
Мајки дали некоја имала искуство со Ковид (Омикрон) кај бебе? Сопругот е позитивен, поголемиот син ми качи три дена температура и од денес нема, но бебе од попладне е со 38 С. И на телото и екстремитети не е воопшто топол, само на глава. Правен брз тест, излезе негативен. Некое искуство дали така го манифестираат бебињата, со топлина на глава?
Син ми, 8 и пол месеци имаше 3 дена температура до 39.3, спаѓаше со парацетамол додека е дејството и пак по 6ч креваше. После 3 дена почна да има зелен секрет во носот и да кашла кога лежи на грб. Денес еве 8ми ден, уште малку секрет во носето има, инаку е супер. Со најлесно да поминете.
Здраво мајки ќерка ми е болна веќе 11 дена. Првите денови имаше многу мрсули и шлајмови. 10 дена пие антибиотик, беше подобра ама еве денес пак мрсули и сеуште крчи и кашла. Што би бил следен чекор? Бидејќи антибиотикот го заврши незнам што да правам.. бебето е 9 месеци
Добра вечер, ние сме скроз нови па имам неколку прашања: Бебето ни е родено 02.02 и овие 3 дена немаат воопшто ми го ставено на града во болница со оправдување дека немам млеко и дека му се слаби рефлексите бидејќи сум породена царски рез а тој се покакал пред пораѓај па од матната вода добил инфекција на кожата.. дали некој има искуство со таков проблем, кожата му е сеуште бела како да му се лупи по рацете и дали е океј да чекам сеуште за да го стават на града пошто колку што знам тој со цицање стимулира побрзо досѓање на млекото
Не знам кај си се породила,ама како ќе стимулираш да надојде млеко ако не го ставаш бебе на града? Пред да го храниш со АД стави го на града,да надојде барем колострум,па потоа и млеко. За кожата,и на моето му се лупеше првата недела,но тоа е сосем нормално. Патронажната ми објасни дека тоа е заштитна обвивка што ја има секое бебе. Мачкав лосион за тело или јекодерм,не се сеќавам.
Да не си на ГАК? Исто искуство имам, се породив на 20.01. а бебето ми го дадоа четвртиот ден со изговор дека примам инфузија и оно повраќше од млекото што му го даваа таму, плус го сунчаа а не ми кажаа да не беше една сестра случајно да пројде да ја прашам. Го оставија неколку саата, мене ми дојде колострум, следниот ден го донесоа во 6 сабајле, ми дојде млеко и не отпуштија во 12. Еве дете сега не повраќа, ама земав силиконски, пумпа и дохрана по 30мл.
Мајки ве молам која има искуство, моето ми качи температура до 38.5 на чело мерам.. Зет ми од вчера е позитивен, ама супер е.. Само моето е нервозен, кенкав и го пипам кај ушите малку плачеше Му дадов сируп , го пресоблеков
Кај малово приметив сега пред 10тина минути, мала плаво - виолетова точка позади увце. Ова сега се има појавено, утрово немаше. Не го боли, не е испакнато, само како флека е. Ако не се повлече до понеделник, секако ќе го носам на лекар, ама ме фати паника. Отворив на нет, подобро да не отворев. Знае ли некој што може да биде ова?
Обична модринка е веројатно, не се гледа јасно. Нема зошто паника, може се стиснало, се удрило. Следи ја, ќе се изгуби за неколку дена.
Мајки на бебе му се појави на едното раче и ноже,како печат така кружно,рапавко,црвено е местото. Помош ако може од некоја,со што да го третирам. До сега не сме имале никаков проблем со кожичката. Инаку сме 1 година и користиме купка и млеко на хип уште од раѓање. Би сакала да сменам нешто друго.
И ние бевме исто 2 дена имаше тт 38.5 ке се симне со сируп за 4 часа пак мн топло главче помина со тоа само и витамини позитивна бев и бебето сигурно од мене сега помина