До колку тт се качува од заби вадење? Од вчера е со околу 38 тт, не сака да јаде и има потечна столица, а забот (горе кецот) е ептен отечен треба да пробие кај и да е. До сега 3 заби излегоа без проблем, затоа сега не знам дали е до забот или нешто друго е, ама нема никакви други знаци на настинка.
Во петокот бевме на гости кај роднини и бодеше играчки во уста, а детенцето таму било болно пред 2 недели. Претпоставувам дека од тоа има фатено некој вирус или бактерија. Ќе видам и утре како ќе е ако не симнува тт ќе мораме на лекар.
Душа мила исто бевме таа и така и така не спие се буди со плачење секоја вечер тогаш уште полошо беше побрзо да помине
Не е баш соодветна темава ама знам дека сите ја отварате, а текстов за температура кај бебиња и деца е многу важен и информативен. https://deca.mk/novite-onlajn-kursevi-so-bibi-i-bobi-zapochnuvaat-na-14-fevruari/
Нема врска, може и од запчето да е. Сестра ми на секој заб качувала темп по 39 и само со инекции ѝ симнувале. Едит: не би требало да е заразено од детето ако тоа поодамна било болно. Моето двапати беше во близок контакт со болни дечиња, за среќа ништо не му беше.
Koga raste zab paga imunitetot i fakaat nesto zatoa se kacuva temp...ne samo deka zabot iskaca...nesto ima virus/bakterija
Маж, свекор, свекрва и поголемата (3години) позитивни. Јас негативна (а со сува кашлица и болка во грло) и бебе само со затнато носе до денес. На нив им е од 4ти до 6ти ден а бебе зарипна и кашла грлено, има и мрсулчиња, го носев на доктор ми вика да не го тестираме мало е (неполни 3месеца) секако нема терапија некоја за него. Го слушна на гради чисто е, само секрет што се слева од носот. Прскај и влечи. Прскам аквамарис и извлекувам 3-4 пати во денот, но гревче ми е да го слушам така зарипнато, ми хрчи и не може да се искашла. Фала му на Господ без температура се. Има ли некој совет како да му помогнам?
Освен инхалација со физиолошки (со одобрување од педијатар), друго ништо. Брои денови и нека мине со лесно.
И за спиење кромид исечкан ми помагало секогаш да дише полесно. Мојава од вчера нема тт, забот уште не изби, ама ноќеска и денес плаче неутешно и се грчи како да ја боли меше. Проверив грло ама не ми изгледа дека е црвено. Значи саат време е мирна како ништо да не е и наеднаш почнува да плаче 5 -10 мин и се смирува. Не знам што да давам друго освен пробиотик. Мајка ми вчера и дала сок од портокал цеден, а цитрусно и немав давано (скоро 8 месеци е) па си викам да не е од тоа. Смеам ли чај некаков? Инаку цица само, не сака ни да јаде, по 3 лажички само јаде деновиве.
На матичен бевте? Консултиравте ли педијатар? Тоа мислам дека треба да направите обавезно. Читам дека многу мајки (а и доктори) препишуваат висока температура која трае со денови на никнување заб. Мене тоа ми нема логика, мислам дека причинителот мора да е некој вирус или бактерија, а растењето на забот е коинциденција. Тоа може да му прави евентуално дополнителна болка и локална тегоба на детето, но не и објаснение за еден куп симптоми кои ти кажуваат дека е детето болно. Не јаде, има температура, приплакува што значи во најмала рака му е мака а може и го боли нешто (грло, стомак, телото). Лекар ќе си го прегледа, слушне, ќе направи крвна слика и ќе знае од што е и што терапија да се даде.
Да само инхалација и вадење мрсули. Ако сте во можност носете го секој ден да го слушнат да не му направи проблем секретот.
Не сме дома, не можам да ја однесам. Дури во петок ќе си одиме. Три дена имаше тт, не многу висока - околу 38. Од синоќе нема температура, други симптоми на настинка нема (грлото е ок, не кашла, не и тече нос) а плаче и се грчи. Преостанува да е стомачен вирус, оти имаше малку потечна столица и поврати вчера еднаш, ама ме мачи зошто наеднаш почна да плаче многу, додека имаше тт беше само омалаксана ама не плачеше вака. Земав пролајф сега, ќе и дадам и ќе следам до вечер. Помислив да и се јавам на матичната ама знам што ќе ми каже па џабе ќе ѕвонам.
Да, можно е да е стомакот во прашање, може да ја боли. Пробиотик секако нема да штети. Следи ја вечер дали ќе крене зошто правилото е три дена, ако нема подобрување, мораш да ја носиш на лекар. Следи и ги столиците какви и се и давај и да цица повеќе, храна ако не сака ден- два не е толку страшно, битно е да не дехидрира и да цица. Штознам, јас сепак би се слушнала со матичната, или ако веќе не сакаш со неа, со некој друг педијатар на кој му веруваш повеќе. Ништо нема да изгубиш во секој случај. Секако до петок е доста време, ако видиш дека и е полошо каде и да сте, не чекај петок. Оди таму кај што сте, во било кој град има дежурни служби и приватни педијатри.
Да, така и планирам. Таман се израдував синоќе дека е подобра, сега па плачки. Баш поради тт што ја снема за 3 дена мислам дека е вирусно. Да беше бактерија ќе траеше подолго. Ама мора нешто да ја боли, инаку е многу мирно бебе. Фала ти за советот.
Како бееее? https://deca.mk/temperaturata-da-ne...ne-na-sostojbata-da-pobaraat-pomosh-od-lekar/ Ај сега дали е ок?
Мајки активна е темата па затоа прашувам и тука дали знаете колку е цената на ортопедски преглед на бебе кај се мирјана во Штип?
Ovaa kojic ne ja dozborea u temana pedijatar deka e netokmu malce...ja takov vpecatok dobiv od myabetite
Добар впечаток си добила Какво разочарување од доктор. Не знам дали ја есапи некој со нејзините " мудрувања"