Детево баш доста ми кашла на спиење. Педијатарот одби да не прими ради протест. Вели сите денес протестораат. Каде да го носам за преглед?
Средив работа. Значи разбирам јас протест ама не ми е ок ова, не е начин. Ми кашла детето, му тече нос баш доста она ми вика во понеделник. Као за играње да го однесов. Па уште лута на крај зошто кај неа не кашлало. Испадна лажам
Сами рекоа само итни случаи примаат т.е. протестираат со тоа што упати не издаваат. Она валда си го планирала денот да биде слободна. Така го најавија протестот: Итни случаи ќе се примаат.
Мајки искуство со ковид кај бебиња ? Поминавме со еден ден температура ,следниот само 37.3 што веќе е нормална. И после 5 дена почна да ми накашлува кога става наутро ,педијатар ми рече инхалации. Крвна слика во нормала. Но викенд е ,и ме загрижува поткашлувањето.
Исти бевме, поминавме само со инхалации со физиолошки. Ако кашла само кога лежи може да му е од секрет од носето шо му се слева, па го дразни. Во секој случај најдобро е да го слушни педијатар, ако не сакаат да ве примат на инфективна, јавете се кај матичен педијатар, евентуално итна.
Преку ден малку ептен да речам на прсти се брое , кога става наутро од цела вечер што леже и што се собира и после го искашлува. Денес е подобра да не ја подречам. За колку време ви помина?
Температура имаше постојано 3 дена до 39.5 кажуваше, со парацетамол паѓаше на 37.5 и штом поминеше дејството пак над 39. Кашлица и секрет во носето му се јави после температурата и да не претерам ама можи 2 недели го држеше носето, а кашлицата барем 1 недела. Крвната слика постојано му беше добра, црп не се качи над 5, на слушалка немаше ништо на плуќа. Давав парацетамол по потреба, витамин Ц, чистев носе со физиолошки и синомарин и инхалации со физиолошки. Со лесно и за брзо да ви помине.
Моментално проаѓаме низ истото. Почна од завчера ноќта со тт 39 и исто се одвиваше како кај @IRBBB симнува од сируп до 37.5 и пак на 39. Денеска е веќе ок со тт и исто малку поткашлува. Со педијатар постојано се консултираме и исто ни кажа инхалации да правиме со синомарин ампула. Давам плус бебевит. За кашлицата прашував за преглед и ми рече ако ептен го буди од спиење тогаш донеси го. И тој најчесто поткашлува кога ќе се разбуди. Нека им поминува побрзо
Maticen neka ti go vidi de...moeto lesno projde temp 1 den ne kaslase neso mnogu,ja odnesov na maticen si ja vide ni dade samo vitamini da pojacame i za temp po potreba
Моето со ден и пол температура до 38.8 одеше и давав чепче ми беше страв, одбива сируп. Ама слабо се спушташе и многу брзо качуваше пак за 2-3 саати. Исто и поткашлуваше малку како суво така не многу често. Два пати го слушна матичен педијатар немаше ништо, ставав само физиолошки во носе, инхалации не прифаќа и така поминавме. Крвна слика и црп добри.
Фала ви мајки многу на искуствата и ние бевме како вас. Една вечер тт до 38.3 што за кратко после сируп одма се качуваше. И утредента 37.9 стоеше и вечерта се намалуваше веќе целосно. И сега поткашлувањето ама добро е станува минимално...
Бебе поврати розе/црвено. И тоа не е чиста лигавица туку како густо, не знам да опишам. Има 40 дена. Околу 20:00 два пати поврати со млаз, ама без боја или крв. Инаку има доста грчеви и му давам инфакол. Ептен се загрижив.