Јас знам дека во сабота има дежурства на општите лекари, а педијатриски пункт од 19.30 до 23.00. Во недела цел ден работи педијатрискиот пункт. Исто така и во работни денови од 19.30 до 23.00 има педијатри.
Нема педијатар има само општ лекар. Вчера бевме и ни рекоа дека од јануари наваму нема. Ама има машина за кс и прават ако треба од брзите крвни слики.
Ни после 19 часот? Саат ипол е добар не кашла,ќе го следам но за да знам за вечер ако има ќе го однесам за да ми се смири душата.
Мајки здраво, малово некна ми се разбуди со температура, до 38.2 качи, правевме крвна слика и црп беше во ред. Дадов далерон, температурата се симна и еве вчера и денес е добар, нема темперстура, само малку поткашлува ама суво како од грло кашла, носето не му тече и се мислам дали да го носам на дежурен во болница, страв ми е од морбили и други вируси. Инаку 5 и пол месеци е. Читам тука спуштале на гради... кои симптоми обично ги имаат пред да спуштат?
Отиди си најдобро на лекар не чекај. Јас бев на лекар и не пратија во козле. Еве 6 дена лежиме тука, малата има 6 месеци. Дијагнозата е бронхиолитис Крвна слина добра, температура не, кашла давај антибиотик упорно кашла и тука завршивме Одете навреме на лекар https://www.mojpedijatar.co.rs/bronhiolitis/3/
Може и без симптоми да си спушти, маливе за саат време можат да спуштат. Кашлање е симптом.Штом имало температура и кашла може е вирус, најпаметно да го види доктор многу е мало. Може и забчиња да се. Мојава знае и од лигушки да се закашла но јас веќе препознавам кога кашлаат од спуштено кога ид друго. А толку мало на лекар би однелА обавезно.
@Milla989 @supergirlmb фала ви на одговорите, ке идам секако на лекар, иако еве веке 2 саати и повеке се нема закашлано, ама не можам да го мислам. Позз @Milla989 побрзо да оздравеете
Колку што разбрав заради дефицит на педијатри ги укинале дежурстсвата. Само општи прегледуваат. Баш ќе ја препрашам и матичнава нареден пат.
Сабајле се разбуди со ужасно кашлање,спакував торбата набрзинка и директ во Козле. Го прегледаа нема ништо на плуќа но многу секрет во носот има,ми кажаа да го чистам со фузиолошки и друго ништо. Крвната слика е во ред,он си кашла цело време,го ставив на висока перница,купив и инхалатор докторката ми кажа да не го инхалирам. Незнам што да превземам плус за да му олеснам.
Тоа што ти рекле само. Ставај кромид до него ако е затнат. И парна бања ако има шлајм, тапкање по грбче. И мојот кашлаше, само со Синомарин спреј минавме. Да се исчисти секретот.
Истово минатата недела го поминавме. Многу секрет имаше, не можеше да дише. Од спиење станување со плачење од што не може да дише на носе, не можеше да цица од мрсули.. По три четири пати на ден ставав Физиолошки (јас Бекутан спрејот го користам) и влечев со аспиратор, замисли цели 5 дена имаше убаво што да се влече, полна беше.. Ни дадоа и Цефаклор ако почне да кашла длабоко, но не го почнав. Немаше потреба,не го дадов. Јас инхалирав со дексазон два дена по два пати, и се смири, фала Богу добра е сега, се исчисти.
Незнам зашто не ми даде за инхалации. Еве го спие и се закашлува во спиење а на перница е легнат. На еден саат му вадам тон секрет.
Ama monik55 ne se dava za se inhalacii. Inhalacii se pravat pri laringit, bronhit, a ne za kaslica I rastecen nos. Kolku e dobro, tolku e I loso. Pravi sto ti kazale tamu
Држи го на меше и тапкај по грбчето. Откако ќе ставиш капки во носето одма врти и тапкај. Са ми ќе почнат да му течат. Има видеа на youtube за тапкање. Ќњ ви помине. Штом нема спуштено ќе се исчусти само.
Не му прави штом така ти кажале. Нас во болница ни направија една, и ми рекоа и дома да продолжам, но не правев често, не ги сакам тие кортикостероиди ни за мене камо за бебе. Само чисти редовно,ќе мине.
Мајки бебето ми фати бело на јазичето, веројатно е кандида, и и купив нистатин капки ама не ми е јасно баш како се дозираат, пишува 1мл да се капнува во уста, веројатно 1мл е таа пипетата што е внатре цела, а пишува 1 мл 4 пати дневно, па не знам дали тоа да го делам на 4 или 4 пати по цело такво да и давам. А од друга страна аптекарката му рекла на мм да и го бришам со газа јазичето? Има ли некој искуство со ова?? А и што документи ми требаат за да ја запишам кај матичен педијатар? Оти уште немаме и морам вака на своја рака
Дајте совет за како да ја поминеме вечерта? Качи температура сабајле, дадов Далерон и се спушти,ама до 37 се спушта. На точно 6 саати од сируп почнува да крева, полека крева, не многу висока, нагло не иде. Бев на дежурен, ми викаат таков е вирусот, плуќа чиста, грлото не и е црвено. Многу е кенкава над 38. Едвај се трпи. Ја истуширавме се развесели. Нос тече ама значително помалце од претходни денови. Влечеме мрсули и прскаме спреј. Ноќеска на пола саат да ја мерам? Дома ни е прилично топло од кога стопли времево, не можам да оладам, 23 степени ни е сега со отворени прозори. Во 9. Да ја оставам да спие по кратки ракави? Со тенко покриена?
Остави ја на кратки. Лесно покриена. Мери на пола час. Обично кога ќе кренат плачат, па ќе ја сетиш. Ама не значи. Сепак мораш да дежураш. Нека мине Теди.