Има и тоа најверојатно е рота. Да не те плашам ама знам бебиња што периодов се исцедија од повраќање и пролив, температури и тоа со денови. Обавезно многу течности и консултации со доктор. Земи Линекс бејби дропс, тврда храна, електролити и сериозно многу течности. Со лесно
Среќа во несреќа е што нема често ни пролив ни повраќање. Денес само 2 пати поврати и 3 пати какаше течно жолто лигаво. Само со температура изгоре. На 6 часа ко ќе помине дејство на сирупот крева од 38 до 39.4 . Многу е жална фала мама се надевам брзо ќе помине
Prolife probiotik da probas...moeto imase nedela i kusur potecna stolica od ova pocna da se sreduva....elektroliti obavezno poso nema da gi saka u kasa stavaj i
Добро е, може полесно го поминува. Нас дома сите не фати освен малиот за среќа, а само една доза рота прими (ако воопшто беше рота ама знам дека кружи во моментов). И да, многу бевме малаксани, со страшни болки во грбот и стомакот. Ќе помине за брзо, силна девојка е
Електролити хидратон и земав тие као највкусни биле и колку толку подпивнува. А моментално ич не јаде храна нема апетит, само цица. За пробиотик пошо дефинитивно прашочињата нема шанси како да и дадам се плука, докторката ми кажа да давам биогаја и диастоп и тоа и тоа. Вчера во систина бевме на преглед и тоа е. Стомачен. Пробиотик, електролити и за температура. Оф ајде нека поминува, ептен е жална
Мајки добро утро. Бебана ми се исфрла како црвени флеки на меше и маалку на грбче. Прашок не сум и мењала ниту била на нешто изложена, карфиол прв пат проба вчера ама беше ок после 24 часа да пројави алергија не ми се верува и само на меше, намачкав со судокрем ама не знам што да правам пробав да слукам тел не ми вади најсјајно како црвени флеки се раштракани по меше. Совет искуство? Последно синојка пиеше ад пред да легне освен карфиолот ништо ново нема ниту се понаша нешто не својствено за скок
Само по бофиче на долги беше долни пижамки(такви не дебели) и чорапчиња не ми се верува да е претоплена башка нон стоп се открива цела ноќ тоа правиме климата беше на 22 сабајле маж ми ја ставил на 24
Помислив и јас искрено на тоа затоа и го спомнав, ама после две недели да појави не знам, прашан е педијатарот па ќе видиме што понатака. Фала ти у секој случај
И мојата не закасни да го закачи стомачниот Иста песна сме и ние. Вчера со пролајф и оризова вода и прстана проливчето. Се секирам што ич несака да јаде а и доближам нешто се мршти Знам не и е добро ама се мислам дека мора и нешто да касне.
Мајки нормално ли е да трае покачена температура веќе 3 ден е денес од примена вакцина? Два ипол месеца е малото и завчера прими вакцина. Дадов 2 пати далерон кога крена до 38.4. Еве цел ден е со 37.7,8 и сега пак во 38 отиде...Др вика нормално е но сепак акп не спушти до утре да одиме за крвна слика. Имал ли некој слично искуство ?
Мора да спушти до утре. Туширај, расоблечи го. Лепенки ставаш ли му? И моето првиот пат кога се вакцинираше качи висока темп, го држеше три дена, и самата се повлече.
Иста е. Да не види храна . Со електролитите се мачиме да пие. Еве за цел ден ни 10мл нема испиено . Среќа барем цица па знам не е гладна.
Мајки кажувајте лек за кашлица кај 10 м бебе. Почна од пред три недели, педијатар ни даде инхибиции со декса и некои капки за нос. Само што ги прекинавме пак почна да корне гради. Од Козле на антибиотик Панцеф, иако к.с. е сосема во ред, ЦРП 2. На плуќа е чист. Најден на брис H. Influenze во нос, педијатарот вика не кашла од неа, сме ја средиле со капките. Детето ми кашла по цела вечер и суво и продуктивно, не сме спиени со денови
Дали може да му се чисти носето на бебе старо 3 недели? И со што.. нешто почна да ми крчи повремено со носето