37,5 се смета за скоро нормална телесна температура кај бебе. Се што е над 38 е веќе покачена а над 38,5 се третира со сирупче. Моето пред месец ипол прележа ковид и имаше 39 + тт еден ден. Истата се симнуваше до 37,5 и за кратко пак се качуваше. Ама тоа траеше само еден ден. Не ја буди, ако качува ќе ја приметиш 100% тоа не се промашува.
Бебе веќе 2 3 недели ги чеша очињата повремено, како кога се чешаат очи на алергија од полен на пример. Можно е бебево тоа да и е? Од кога почнуваат значи на алергија, од раѓање?
Не мора да е од раѓање. Моево исто ги чешаше до пред некој ден, испитавме инхалаторни алергии и нема ништо од тие. Може да е само реакција од поленот, прашината надвор. Јас имам таква реакција од липа.
Мајки ковид позитивни сме поминавме лесно со сопругот, од ноќеска бебе 38,5 има температура, со чепче до 38 слегува повеќе не. Што да се стори друго да се намали темп. чепче сега можам тек по 5-6 сати да дадам. Давајте други препораки умрев од грижа. Бебе ми е 2+++
Poveke tecnosti, stavaj ocet Ili razreden alkohol na noze, stavaj laden oblog na celo, poveke supa, ne e mnogu visoka temp pa mozes samo Eden sirup da I davas. So pomin
Јас се јавив на 116 117 кога имавме корона и ѓи рекоа на бебе може слободно чепче на 4 часа, а моето на 3ипол-4 часа креваше пак тт. Нека цица многу и свеж воздух и расоблечено. Откако оздрљвњ се исфрли по лице и позади уши да не се плашиш ако се исфрли ама може и нема. Не го тестиравме. Јави се на 116 117 за совет или утре сабајле на педијатар ама јави и се сега на бројов види што ќе ти кажат И чепче ставаш откако ќе крене тт откако ќе престанат да му се ладни раце и нозе Не се плаши мн бебиња поминаа ковид
Ја раслеков мерев пак 37,7 дојде, се подрасположи одма и цицаше малку па заспа. Колку дена траеше кај вас и колкаво ти беше бебето тогаш? Како помина само температура или и други симптоми се јавија? Мојава и поткашлува ретко ама сепак, на педијатар утре секако звонам се надевам искрено до утре белки температура барем да и помине Значи можам на 116117 слободно да ѕвонам за совет, мислев само за итно и за тестирање се. Си мислев со млака вода да ја истуширам ко ќе се разбуди
Со каков термометар мериш? Живин е најточен, па дигитален, со бесконтактен покажува погрешно кај бебиња. Дали мериш во газе? Така е најточно. Два дена траеше со симптоми па 2-3 исфрлено на лице и позади уши, педијатарот виде дека по цело тело е исфрлено, а јас не примеќав по телото. Симптоми температура околу 39 на 4 часа, не се сеќавам дали кашлаше. Седум месеци имаше. Температура имаше помалку од 48 часа. Јас кога се јавив на 116 117 очекував да пратат доктор или брза помош ама воопшто не се потресоа како обичен вирус да е, рекоа ќе помине за 2-3 дена, чепче на 4 часа слободно и толку. Ќе му помине тие се посилни од нас. Во болница денес од 9 до 22 има матичен ама прво јави се на телефонот од болницата. Ова чисто да знаеш ако осетиш дека има потреба од лекар.
Со живин мерам во газето. Од ноќеска почна кај нас, вчера како светната во очињата ми беше само да се надеваме да врви со лесно. Ти благодарам премногу за советите и утеха
Супа? Ладни облоги на чело? Ова за мајката совет давате или за бебето. Не знам дали разбравте добро, за 2 месеци бебе станува збор. @Honny тоа е тоа, разладуваш, тушираш до следно ставање чепче ако е над 38,5. Почести подои ако сте на цицање. Бебињата полесно го поминуваат.
Мајки, без памет сум. Качил температура, врие детево. Имам далерон уште од зимата, смеам ли да му дадам? Спие моментално, го осетив дека е жежок, да го будам ли за дс му дадам или да му дадам кога ќе стане?
Мери му колку има прво. Ако е под 38 излади го прво, слечи го, и можеш да истушираш само не вода на глава. Далеронот мислам 3 месеци од отварање има рок, после не делува. Мојот во спиење обично крева повисока, јас го будам за мерење и за да го изладам. Ако е многу висока барај или дежурна аптека за друг сируп или на дежурна носи. Се зависи колку тт крева и како спушта.
Колку му е? Од денес ли е само? Дали освен темп имаше и нешто друго претходниве денови? И за колкаво дете станува збор
Го разбудив. 39 му беше. Го расоблеков, ставив лепенка и му облеков мокри чорапи. Мајка ми ми рече дека можам да му дадам од тој Далерон што го имам, па ќе следеме ситуација. Нема тука дежурни аптеки, ако не спушта ќе го носам во итната. @Anie93 8 месеци има. Од сега е температурата, повремено и кашла (како да му стои нешто на грлото).
Ноќеска спушти темп сега пак качува темп и кашла. Додека спиеше највеќе кашлаше, сега не кашла толку често. Дадов далерон, чајче, лепенки му залепив и тоа.