Уште немаше месец дена ја возев сама, транспортерот го ставам на совозачко (исклучен аирбег обавезно), прицврстена со појас и свртена накај седиштето... И да и падне цуцето одма ќе и го дадам, или ќе и зборувам дур возам..
Вчера ја однесов да ја слушне докторката нема ништо. Денес како позачестено ми кашла и има повеќе секрет. Ми рече доколку се смени кашлицата во полошо да ја носам пак. Ум немам. Дека прв пат ни е. Кога плаче тогаш се затнува и и стои шлајмот на грло. И се слуша како хрчка и во грло и на грбче кога плаче. Кога ќе прекине со плачки нема хрчење. Нормално е тоа?
Не знам дали имаат во поликлиниките дежурен, за државна и козле знам ама мојс препорака ти е освен ако не е нешто итно боље не... Пуна чекална болни деца со вируси мислам дека нема потреба да го изложуваш бепчо освен ако не е ептен итно нешто
У право си. Еве сега веќе и се растечува носето. Не е веќе затната. Ваљда се чисти. Беба вришти од аспираторот. Комшииве ќе ме пријават
Чисти и го само повеќе да не спушти на плуќа За аспираторот пробај анимирај со нешто или пушти да гледа нешто. Пробај и со одалечено сантим два. Мојава колку вришти чим не не пријавиле немаш гајле.
Претходната недела ми качи темп, па почна да кашла. Го носев на лекар, ми рече ако ептен се влоши дај антибиотик, иначе не. Почна да тече носето, го чистам цело време. Крчка на нос иначе. Му дадов антибиотик и почна да се подобрува ситуацијата за викендот, сега пак е исто, ако не и полошо. Не кашла често, ама кога кашла се осеќа како да се дави во шлајм. Знае да кивне и да исфрли премногу мрсули, а исто и денеска поврна шлајмови 2 пати. Стварно не знам веќе што да правам. Да барам утре да го боцкат нешто?
Она вришти јас чистам како без осет. Многу има прозирен секрет. А таман убаво се наручка и плус млекце....само што заспа се закашла од шлајм на грло шо и стои и се исповрати. Душа моја. А кашлањето е од секретот од носот или? Дека кс бепе горе доле ок. Црп мирно. Без кс ви даде антибиотик?
Да. Никогаш не правиме кс. Според др немало потреба, за џабе боцкање било, тој не лечел крвна слика туку луѓе.
Друг пат да знаеш не се прекинува атб, се пие цела доза без разлика дали има подобрување или не. Напрај му ти крвна слика, тебе мирна главата да ти е. И многу е безвезе то шо оставил на тебе ти да одлучиш дали и кога да му дадеш да пие атб.
Никако да не прекинуваш антибиотик, секогаш се дава до крај зошто недолечено е безразлика што нема симптоми. Однеси го на доктор да ти каже како да продолжиш, веројатно ќе ти даде пак антибиотик и овој пат до крај скрос дај му го па после тоа пак на контрола.
Фала ви, не знаев. Ако докторот не ми каже од кај ќе знам... Тој уште тогаш ми рече дека ќе мине за 2-3 дена највеќе и дека нема потреба од лекување. А веќе 10 дена, варира ситуацијата, постојано се менува. Ќе отидам утре, па ќе видеме.
Со антибиотикот најкратко кажано ова се дешава. Даваш антибиотик, уништува бактерии, ако не го дадеш до крај бактериите што уште се во организмот не се во доволен број за да создадат симптоми, затоа изгледа излекувано, но ги има и дошле во контакт со антибиотикот, го препознаваат и создаваат механизам на одбрана за тој антибиотик веќе да не им е ефективен, така настанува резистентност и затоа е многу битно до крај да се дава антибиотикот зошто од недолечено не само што може да го повтори туку може и посилна клиничка слика да има вториот пат. Ако докторот ти го прекинува предвреме, подобро смени го докторот, сите доктори апелираат да се лекува до крај, ама ете се наоѓа и некој таков.
Фала ти. Нема друг во градот, мора да остане тој, сакале нејќеле тоа е. А ако не давам антибиотик само од себе ќе помине?