Тоа е белег, и моето има таму од раѓање, педијатарот рече се повлекува со тек на време. Мислам монголски белег се викаше. Ама прашај си за сигурно да не грешам.
Малата 6 месеци, има конјуктивитис, цело око и е затворено и црвено. Чаре до понеделник. Земав тобрекс ама вика над година.. Налет, се викенд фсќа.
Ноското на колку максимум моќна правосмукалка можам да го наместам за да влечам мрсули? Не ми е упатството во мене. @Pacient srna мислам дека ти имаше носко.
Мрсулите не убија значи. Флитам и влечам по цели денови, нема крај. Од утрово гласот и е фатен од шо плаче кога ќе ме види со цревцето. Инхалации кога даваат?
Комбинирано е сега мама. Пред една недела имаше блага температура 24 часа (забчиња излегоа после тоа). Па почна да поткашлува и затнато носе. Веќе 3 дена не кашла но има многу секрет (ту затнато, ту растечено). Тече повеќе. На кивање до земја и паѓаат мрсулите. Два пати ја носев да ја слушнат чиста е. А гласот како зарипнат и е сега, претпоставувам од што вришти по цели денови дека и го чистам носето. Пак ќе ја носам. Првото забче кога го извади иато имаше мрсули 2 недели но без кашлање.
Ако е затнато, немој да влечеш. Ама штом тече влечи, само немој нонстоп, сабајле и вечер е доволно. Прашај дали може да користиш капки за нос освен солен раствор, и кои. Јас по препорака на педијатар имам користено ефедрин капки пред полна година за да спие убаво навечер. Гласот може да е фатен од плачење, ама продолжи да следиш ситуација, сепак мало е.
Синомарин флитам. Ја носев денес пак чисто е грло и гради. Ама ако е затнато не може да дише и плаче. Морам да флитам. А ноќе спие не и е проблем
Мамички на непцето горе му излезе нешто како плускичка, како беличко топченце. Му ставив малку сода бикарбона, ама му стои уште. Што би препорачале да му ставам? Не знам колку се гледа на сликата, не успеав да го сликам убаво.