Бебе ми е скоро 2 месеци.Скоро една недела болникаво со симтоми на затнат нос со мрсолчиња ,потлашлува, кива и температура најмногу што ми качи беше 37.7 но ништо не дадов, сега е во ред варива до 37.3 најмногу. Сигурно е вирус,го закачи од мене па мм па мајка ми и на крај него ,значи сите во рок од 2 дена не фати.Осеќам вина за него ,неможам да го гледам ,незнам јас од кај го зафатив нон стоп дома. Го носев 2 пати на итна ,првиот пат кога беше само носето затнато(освен капки друго ништо) вториот пат кога ми качи температура 37.7 пак го однесов ништо не ни дадоа го преслушаа немаше ништо ајде пак дома. Денеска значи од сношти почна подлабоко да ми кашла (претходно само суво кашлаше )плус поврати многу веројатно од шлајмот што го голта ,го однесов на матичен рече чист е на плуќа ,температура нема ама многу ми е затнат едвај дише. Се плашам да не му се спушти на плуќа некако ми х'рчи ептен а ваму ми велат чист. Како да му олеснам за греота ми е? Плус уште не сме имунизирани, носејќи го по болници ќе си направам поголема беља.
Можеби касно читам, дај боже да сте подобро. Ако уште има многу секрет нека ви направи матичната аспирација. И мојата со истото имаше мака пред некој месец, џабе дома влечевме само аспирацијата и помогна
Дечки, Завчера имаше температура, пишував тука. Вчера 37.5 - до 37.7 имаше. Ја оставив сама да се избори. Денес цел ден беше супер. 36.8. Вечерва, сега, пак ми качи 38.3. Плаче, кенка, се жали. Да и дадам сируп? И се спие, а се мачи. Ова истово е од завчера и вчера или ново е сега?
Како се прави аспирација? Уште има секрет не толку многу но има. Матичната и во козле ми кажаа само спреј да прскам да тапкам о влечам.
Тоа е машина и му пикаат едно танко цревче во ноздринките за да му го извлечи секретот од подлабоко и со поголема силина. Неколку секунди е цел процес.
Кај моево такви само поситни беа ми рекоа од алергија или преоптеретеност од еден вид храна (во случајот беа млечни производи) Пиеше цел месец авил сируп и беше на диета.
На моево ваков осип му се појави од манго. Може да е алергија. Два дена имаше осип. Се губат па на друго место ќе му се појавеа. Пиеше ареус сируп 4 дена и помалку да ја облакаш.
Ништо ново не сум вовела... Ми текна сега дека и малото на @DuchessAnn беше исто болно, и баш е ист осипот како на нејзините слики. Се мислам дека таков е вирусот. Пак попладне кај матична...