Давам од недела наваму антибиотик Prefix два пати на ден. Еве само што реков почна пак да крева температура
Давам мајка од недела наваму, ама ете иста ситуација. Премногу време помина требаше со време да се даде. Еве сега мерев 37.5, да давам сируп или да туширам со млала вода прво ?
Сируп против температура? Ако мислиш на таков, се дава над 38.5. На помала температура од таа се тушира со млака вода, се расоблекува да се лади телото.
Би требало веќе од утре да нема температура штом од неделата даваш антибиотик, ако е тоа причината. Ти пишале иначе, под 38.5 не давај сируп освен ако ептен малакса или не сака ни течности, тогаш можеш.
Мајка ист случај бевме и со ќерка ми, 3 месеци глава неможев да кренам таман испиен амосиклав повторно качување температура и тоа ја држеше и по недела време, инаку не сме МК и тука за да проверат крвна слика или брисеви треба многу, Април месец отидовме МК, по четврти пат ми се разболе во 3 месеци со кашлање и температура а носето и беше затнато и рчење постојано(цели 3 месеци) . Ја однесов на педијатар крвна слика добра, ЦРП мирно но и направив и брисеви од нос и грло, излезе истата бактерија Moraxella, ми рекоа не била опасна но прими Трицеф недела време, Оперил прскање во нос, сируп за алергија,и наместо раствор за инхалирање истиот мн мала доза како сируп да се дава бидејќи е тешко мали деца да се инхалираат(не го памтам точно името, има некоја замена што се дава како сируп) , од тогаш наваму еве 2 месеци е супер и носето и е целосно проодно. Пробај најди др педијатар, напорно е и ако се недолечени постојано се разболуваат, објасни им дека е подолг период и се повторува.
Од што може да зарипне 8м бебе? Не е настинат, никаков друг симптом нема, а веќе 2 дена гласот му е зарипнат.
Не знам мама. Тогаш ја однесов на педијатар. Грлце беше ок и превентивно ни даде сирупче во случај ако е алергија. Или вирусче некое ми рече. Па фала богу за 2 дена пројде
Бебе 2м како мерите температура... и змерив 38 и дадов сирупче 1,5 далерон по препорака за колку време треба да симне?
Sekogas e taka ama ke go osetis i na dopir ako e toplo za sirup da dades manje vise mi e mene dali e 38 ili 38.5 jas si davam
Искуство со папочни кила кај бебе? .. Ни рекоа рано било првата година треба да се повлече.. ама на секое плачење и запек многу се дуе и страв ми е.. као да го види хирург ама рано било...... кај би можела да ја однесам некако не ми се чека со нивното рано е...
Ние имавме од 2 месец до кај 4-5 месец, сама се повлече, ни рекоа ако не се повлече до година тогаш да одиме на доктор
Имавме ние од 2 месеци. До кај шестиот месец се повлече со масажи при секое менување пелена. Исто на плачење и грчење се дуеше повеќе. Педијатар викаше не е болно само нас језиво ни изгледаше. Има и појас за таа намена што ни го препорачаа ама ние не купивме. Сега сме 10 месеци папочето е топ, како да не ни имал нешто некогаш.