@An-na @monik55 и сите на кои можеби би им била од корист информацијата. Јане Сандански има дежурен педијатар во саботи од 7:30-19:30. Има и преглед на дежурства инаки на овој линк има распоред и за другите поликлиники каде има дежурни пунктови https://www.zplrm.mk/?cat=6
Дали е нормално на бебе од 23 дена да има пролив? Му ги слушам цревцата како се бунтуваат и после кака течно?
Мајки, се избезумувам. Детето ми е веќе 5ти ден со температура. Се утепав од идење по лекари. Знам дека не е висока температурата ама се измачи детево. Пак бев кај матична, покачени леукоцити и гранулоцити. Ми даде антибиотик, вика доста ја остававме да се избори сама. Кога да очекувам подобрување, ако го има од антибиотиков. Сируп и давам кога ќе дојде до 38.5. Тоа е обично на секои 6 саати. Така качува. Се избезумив. Гради и се чисти. Како да му помогнам на бебево, срце ми се кине. После пола саат од сируп 38 температура. Се развесели.
После 4-5 дози од антибиотикот ќе престане да качува тт, а целосно подобрување се очекува околу третиот ден. Ама и зависи што е причината. Кај моиве толку долго држела покачена тт кога имале гнојна ангина.
Еве сега спадна на 37. После 2ч од сируп. Малце и е црвено грлото, нема гнојна ангина. Температурава е вака од Неделата... само што првите 3 дена и сама ја спушташе од 38, на 37.4 и варираше така цело време. Денес кога веќе мислев ќе помине, таа ми качи повеќе...
Моиве кога добивале антибиотик, вториот ден се како нови. Значи зависи каков пиете ама од прилика по 5дози, така му иде втор трет ден. И најверојатно е вирус, ете и грло, мислам пишуваше дека почна во градинка а тоа е мало нели. Ќе помине, не се секирај, мачно е знам да ги гледаме такви ама ете идат и тие денови.
Дали му се повлече? Ми личи како да го има фатено сонце преку пантолончиња. И на моето еднаш истото му се деси и му помина за некој саат.
И кај моиве така беше од гнојната ангина, првите два дена тт до кај 38 максимум, сами спуштаа без проблем. После третиот ден над 39 креваа, црп ептен високо, леукоцити и гранулоцити до плафон. Штом е веќе даден антибиотик, ќе биде подобро наскоро.
Јас колку што разбрав секоја сабота во секоја смена има по двајца доктори од кои едниот педијатар. Не ги знам јас докториве, ама така ми беше кажано. Пр.оваа Гулевска сум ја гледала кај детско. Ете ја и Митка Тренчева на списокот. Втората колона е како им е регистрирана ординацијата.
Јасно, само дека Хасан знам е општ, а и од кај Смоковски мислам се водат како семејна медицина или така нешто, па си реков да не знаеш кои се педијатрите од списокот, затоа што мене не ми се познати.
Му се повлече, ми кажаа на болница дека пајак го има полазено бебе, значи врска немат тоа време у скут ми седеше, после 20тина минути во креветче и на соблакање се извадив од памет.. Важно помина
Не ги знам ниту јас. Претпоставувам има и оптши што покриваат како педијатри. пр.08.06.2019 13:30 Се Аницин која е матична на мм, и Мирјана Апостолова која е матична на син ми, ама не е педијатар, а претпоставувам покрива како педијатар.
И нас Мими ни е матична Јас мислам дека списоков е за дежурни доктори за саботите. Никогаш не сум била на дежурен, па не знам како функционира искрено, дали еден доктор е за деца, а друг за возрасни? А тие дежурни педијатри кои порано доаѓаа секој ден од 19.30 до 23.00 од Козле ги нема веќе? Јас па прочитав дека од Нова година наваму повторно ќе се вовеле секојдневните дежурства, а во недела цел ден Штета ако ги нема повеќе.
Денес бев пак на лекар. Смени антибиотик. 5 дози испи од првиот, никаква промена. Дури почесто качува. 38.6 сега. Рече црвено и отечено грло. Ми се измачи детето. Ќе пукнам. Далерон не и спушти пред 4ч.даден. Да дадам блокмакс?
Блокмакс сум давала само над 39 кога имаат. Што знам, пробај ако воопшто не спушта со далерон. Колкава доза даде?
А Далерон 3.3мл. До вчера спушташе со ова. Качи 38.8 и дадов блокмакс, после 40 мин уште не и е спуштена. Иста стои. Единствена промена е што рацете и нозете и беа ладни, сега и се топли.