Малата е од вчера со тт, макс оди до 38.6. Ставам чепчиња ефералган. Денес правев кс, црп е 20, лимфоцити 32.1 Да давам ли атб, ми препишаа цефалексин?
Не, ќе остане за понед и тоа по моја иницијатива ако правам ќе правам, педијатарката 'многу беше уморна', имала многу прегледи денес, не и текна изгледа Мислиш отидов да ми каже 10 пати колку прегледи имала денес. И пак лечам со повикај пријател.
Малечка, ќе оставам и денес да видам, не давам атб. Не знам, прегледот не беше преглед, јас повеќе знаев уште пред да отидам. Па ко ми спомна ФЕНОБАРБИТОН, си реков тоа е тоа, бравос Ако има и утре тт и ако оди над 38,5 - 39, ќе дадам. Ама сепак сакав да слушнам мислења и од други мајки.
Ако качи над 38.5 во сируп парацетамол да истолчам не знам колку Фенобарбитонпошто се исклучив, не ме занимаше, а рецептата ја фрлив во првата корпа за ѓубре.
Па не е директно, прво треба брисеви да се направат. Има лекари кои и на 10 црп даваат антибиотик, некои тек на 40,50. Претходниот пат имаше нормално црп, ама пак и дадоа атб само за црвено грлце, кој секако не и го дадов. Крајот не им се наоѓа.
Мајки колку мл Далерон давате на неполни 5 месеци 6600кг? Според упатство по килажа треба 3.5, матичната ми вика 2мл до 2.5 ? И дали смеам од лепенките да ставам на чело?
Ја на 4-месечно 7kg бебе со тт 38.5 дадов 2.5ml само еднаш, одма симна. Прво дади 2ml и расоблечи го детето, олади му ги ножињата и рацете со мокри раце со ладна водичка и давај да цица почесто или давај водичка ако е на АД. Антипиреа лепенките досега сум ги лепела само на место кај што примил вакцина (на бутчињата), на форумов прочитав никако на глава.
Мами не е соодветно прашањево за тука ама не знам каде да го поставам. Дали имате искуство и какво со педијатар Аница во Плодност за ехо на мозок на бебе?Бебе е 2м,ехо на мозок ќе правиме зошто е родено со вакум и асфиксија
На малата заради неправилна форма на главата, ехо на мозок и правеше педијатар Габриела Тавчиоска во болницата во Прилеп.
Леле ќе умрам шо вирус ќе беше ова стомачен.... многу болки во стомак о желудник не можам ни вода да се напијам.... ако одам во систина ќе ми дадат инфузија? Страв ми е бебево да не фати недајбоже го оставив денес на шишенце немозам да го дојам
Малава 16 месеци ја држеше недела дена незнам колку машини имам пуштено, мене 1 ден , маж ми 3 дена. Одете на лекар да видете што лекови смееш дека доиш. Електролити (голтка по голтка) , пробиотици и јаглен секако смееш. Исто кока кола има многу ефект, ама по малку да ја испиеш.