Форумџика на годината

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. spatifilum*

    spatifilum* Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Бебето е 2 месеци(две недели порано е родено) и не прави гримаси на лицето кога плаче и устата не ја отвара целосно. Не се ни смее ама знам дека е рано за тоа. Се сомневам на оштетен фацијален нерв. Дали некој има искуство со ова ?
     
  2. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    53.533
    Пол:
    Женски
    Ај совет ве молам
    C269BD91-76E6-4E34-BC46-4167DEF1C6DA.jpeg
    Синоќа дојдовме од одмор и од вчера на окцето изледа ја печило нешто или ја полазило.. И земав таму маст ама не и помогна. Ај совет викенд е матичната не работи а не знам како да и помогнам друго?
     
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.320
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Да не ја каснал комарец? Јас сум алергична на комарци вака отекувам кога ќе ме касне. Ништо не ми помага само време и да не се чеша ако е тоа.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Ептен сум во паника.Малата пред два дена наполни една годинка.А од пред една недела и еден ден е со температура.На почеток одеше до 38, 38,5, а последниве два дена оди и до 39,40.На почеток ја однесов кај матичната, ни даде цефалексин.Направивме крвна слика, црп 58.После пет ден пак крвна слика, црп 98.Од цефалексинот никакво подбрување, само полошо.Нема ништо на гради, само многу секрет во горни дишни патишта и качува температура.На почетокот на подолги интервали додека траеше дејството на сирупот (давам наизменично ефералгам и неофем), сега многу побрзо качува.Од вчера почнавме со панцеф, по препорака на доктор од Козле, но воопшто нема подобрување.Се извинувам на долгиот пост, ама стварно сум во паника, не знам веќе што са правам;(
     
  5. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    5.461
    Пол:
    Женски
    А леукоцитите колку се? Брисеви да направите и антибиограм?
     
  6. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Za visoka temp sto pravite? Ja odnesov na detska klinika temp imase 39.2 ni kazaa samo paracetamol ako ne se simnuva plus blokmaks samo ne razbrav dali toa odma blokmaksot se dava edno po drugo? Eve uste ima temp ako ima i preku den pak da se nosi da se prAvi krvna slika
     
  7. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    5.792
    Пол:
    Женски
    Не одма парацетамол па блокмакс, туку ако си дала парацетамол треба да поминат најмалку 4 часа па да дадеш блокмакс. Следната доза пак би била парацетамол. Ги даваш наизменично на најмалку 4 часа.
    Во меѓувреме ги разладувам, расоблечени и туширам со млака вода без глава. Давам повеќе течности.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.619
    Допаѓања:
    19.553
    Зелени се мрсулите? Уши му прегледаа?
    По кс рекоа бактерија дека е?
     
  9. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Не, не се зелени.По црп дека беше над 50 и покачени лимфоцити рекоа дека е бактерија.Многу време трае ова, не знам што да направам веќе.
     
  10. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Леукоцитите исто покачени, мислам околу 14-16 беа.Сакавме брисеви да направиме, ама дека веќе пиеше цефалексин, ни рекоа дека нема да покаже.Грешка наша а о на матичната што не не упати прво брисеви да направиме.
     
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.619
    Допаѓања:
    19.553
    Јас кога имав правев брис и кс со тоа што рез не чекав туку одма амоксиклав земав. Ми кажаа бил со широк спектар без разлика која бактерија е. После се потврди дека е во ред. На два пати пиев анитб. Може требало амоксиклав да пие оди утре на др мислење нека не е систина..јане или кај друг матичен плати приватен преглед.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Бевме и во Козле кај друг педијатар.Претходно на дежурен во Јане Сандански.Во Козле ни дадоа панцеф.Не знам да не згрешивме со панцефот.Би оделе секако и на приватно, дека многу се чека за термин затоа отидовме во Козле, не е проблем за приватен преглед.Јас секако цело време претходно ја носев на редовни прегледи во Ремедика.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eli-77777

    Eli-77777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2021
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Мамички при играње се креваме во седечка положба од лежење но при спуштањето бебуш пожив од сабајлечки малку ја чукнавме главата играме на кебенце на под не заплака но јас се уплашив и го кренав испаничена тогаш заплака по 2мин пак игравме в креветче, па цица ме па сега дремиме имам читано на форумов дека треба буден да го држам и да го пратам ... Совет добредојден
     
  14. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    5.792
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, ништо не му е :) тој удар не бил силен ниту пак од високо. Плачењето како што и самата кажа било од твојата реакција, се исплашил оти си испаничила.
     
    На Eli-77777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.135
    Допаѓања:
    38.776
    Пол:
    Женски
    Мајка мојава ја треска главата на паркет без ќебенце. Не паничи. Сама викаш дека те осетил и заплакал. Не е јак удар и не е од високо :)
    Ако го боли, сам ќе си заплаче нема да те чека да паничиш :rofl:
     
    На Tea SK, nevermet18, Eli-77777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Мајки искуство со ваква раничка ? Др. вика mupirocin да користиме.. поради што би можело да се појави?
     

    Прикачени фајлови:

  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.320
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Сигурно ти е помало бебето чим си исплашена толку. Ништо не му е. Ќе видиш кога ќе почне да лази, да оди, што е паѓање и мавање глава. Ќерка ми во неделата од креветчето нејзино преку крената ограда се плесна на глава директ и освен модрица, ништо не и е. Поеластични се од што ги мислиме :)
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Мајки, бебе 7++ вчера примаше две вакцини, качи темп до 38,8 и денес (најверојатно не од вакцините) киваше на секој 2 мин и кашлаше (толку кивање и кашлање не сум чула буквално не престана)
    Носена кај матичната рече типична настинка,на плуќа нема ништо. Арно ама еве ја у спиење на секој 20 мин станува и нема глас ни да плаче и кашла како куче, некој пат суво некој пат нешто како да искашлува на плуќа не слушам да има нешто крчење,свирење таква работа а на нос си дише нормално. Дали и што да правам до сабајле па секако ќе правиме крвна слика и пак со матичната консултација.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Ларингит да не е, малечко е прати ситуација ако многу кашла тркнете до Козле или клиника ако сте од Скопје, или на дежурен. Сабајле правац на лекар
     
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Не знам и мм го вика истото а ја појма неам како изгледа ларингит.
    Ќе видам на лекар денес