Prolife sisencata. Moeto imase isto neso taka virusno davav biogaja ne pomogna ama ova prolifeot zavrsi rab po 1 sisence na den
Ова пробиотиков зависи кој му одговара. И мојава имаше пролив со темп. И давав биогаја х2 на ден и се смири брзо.
По 10-15 капки на стерилна газа. Газата на прст и чистам јазиче и цела уста внатре. Не знам дали ви кажаа, 15 дена рок имаат капките откако ќе се отворат.
Ти благодарам мила.. не ми кажаа ништо прочитав дека од отварањето на капките може да се користи 7 дена.. јас неможев на прстот зедов чепкалка за уво ја намотав газичка од капките ставив така му го чистам јазичето
Здраво мајки . Детето има 18 месеци и од пред 1 ипол месец не сака ништо да јаде освен чоколино и млеко со бисквити. Се молиме по 1 саат да јаде џабе е се . Не отвара уста плука било што ако проба. Ве молам кажете ми што се користеле како сте успеале да ги натерате да јадат пие сируп од бекутан омега не помага исто и Defendyl пиеше 10 дена ни тоа не помогна.( овие ни ги порача доктор од Систина зошто исто болен беше тогаш ).
Додека нудиш чоколино и млеко со бисквити, секако дека нема да јаде друго. Без лутиш ова е мое мислење. И јас имам дете нејадач, ама секогаш први избори ми се здрава храна, богата нутритивно. Меѓу сладолед и манџа со грашок и јас сладолед би одбрала. За дефентилот зошто толку кратко сте го земале? Нели се пие тој неколку месеци? Не дека тој ќе отвори апетит, тој е имуностимулатор, ама ми падна в очи тоа дека сте го земале само 10 дена. Омегата исто не е за отворање на апетит, тоа е масна киселина, помага за подобрување на мозочните функции.
Тие не ти се за отварање апетит, ќе земеш б комплекс нешто што има. Има прашак за деца како чоко прав е б комплекс од аптека или сируп некој б комплекс. Б комплекс е за отварање апетит, а не сируп со Омега или сируп за имунитет со имуноглукани Дефендилот е за имунитет, се пие 3м па се паузира. Ова земи еве: Бекутан ама б комлекс, не омега. Или прав за растварање (како какао е)- кај нас многу имаше ефект.
И да пие нешто за апетит, ќе му се отвори апетитот за чоколино и бисквити. Пробај со нови јадења, можеби зачини соодветни за негова возраст, види дали сака повеќе блендирано или неблендирана храна. Ако вади заби, можеби тоа го мачи. Инаку Дефендил се пие 3 месеци, па се прави 3 месеци пауза.
Сетоа тоа јадење го јадеше и од еднаш прекина не сака да смисли. Чоколино почнав да давам заради не јадење од ништо и тоа го прифати и млекото со бисквити за да не го оставам без ништо. Витамините кои ги пиеше пишав погоре беа препишани од доктор зошто се разболе во Јуни и докторот ми препиша толку дена да се пие и рече можеби ќе ќе му се врати и апетит меѓутоа ништо од тоа.
Да 12+ месеци се. Се раствараат во вода, млекце, можеш и во храна некоја во која ќе оди какао. Се ставаше пола лажиче/лажиче зависи имаше позади за возраста колку се дава. Баш како несквик е, така и се раствара. Чоколадно и благо е..
Ако веќе јади само благи варијанти за да внесува колку толку нешто здраво направи мафини со јајца, овесни снегулки, путер или кокосово масло, какао, урми можи и банана и прашак за пециво. Исто место чоколино можиш да правиш овесна каша од мелен овес, какао, мелени јатки или намаз од јатки, банана можи и тука. За блажина додавај сируп од Агаве додека не почни да јади мед. Можиш и бисквити да печиш сама и да ги грицка или да ги јади со млеко. Банана пасирана со какао, намаз од јатки и агаве. Мојата јади многу благо. Поради тоа цело време измислувам здрави варијанти. И јајца не јадеше до пред 2-3 месеци, па се убив од мафини правење благи и солени само ради тоа. Има и еден сируп Апетиото сум го користела за апетит и имаше ефект.
Фонтанелата горе е вдлабната, поспано е, не мокри многу, не полни пелени, како омалаксано. Зошто мислиш дека е дехидрирано?
Префати вирус од сестра и...темп околу 37 со нешто има...и денес малку цица...поспана е а пелени мокри.
Форсирај да цица почесто. Ако ти е многу поспана на доктор однеси ја, брзо дехидрираат бебињата ама штом полни пелени не верувам да е.