По капка, две во ноздра, ќе почекаш малку и влечеш со пумпицата. Пумпицата стисната ќе ја држиш во долниот дел и кога ќе ја ставиш во ноздрата ќе ја пуштиш. Така ќе се извлечат мрсулчињата.
Мајки здраво. Бебето ми е скоро 8 месеци. Вчера ноќта крена температура 38.5, дадов парецетамол и се снижи до 37.5, после 4 часа пак исто качи температура. Значи цел ден е со температура дури до 39.5, правевме давајле крвна слика матичната рече добра е само хемоглобинот е намален. Од тука кога видов толку висока се јавивме на докторката во Систина што одиме и рече правете тест за корона. За жал сите тројца сме позитивни. Препорача да дадеме Блокмакс сируп и сега за сега е снижена. Маж ми зборуваше со неа и не разбрал убаво спомнувала Блокмакс па ако има потреба Парецетамол? Најизменично да ги даваме или ? Рече течности многу и тоа е. Некоја да сподели искуство како ја поминале? Цел ден е плачлив, а од предмалку почна и да кашла.
Да, наизменично парацетамол па блокмакс во случај ако тешко симнува температура. Повеќе течности, електролити. Кај моето имаше потреба и од инхалации оти кашлаше и имаше секрет од нос што му се слева. Нека поминува со лесно.
Еве поминаа 4 часа од кога дадов Блокмакс и почна пак да ја качува 38.6 дали сега можам да дадам парацетамол па ако пак ја качи дали смеам на 4 часа да ги комбинирам
Да ако качува пак а се поминати 4 часа дади парацетамол. Во случај ако е поминато помалку од 4часа тогаш туширај со млака вода и разладувај колку што можеш. Се дури има висока температура давај наизменично.
Фала мила, претходно го истуширав и морав да дадам парацетамол се надевам ќе му ја спушти температурата. Денеска по втор пат кога дадов парецетамол не му ја спушти, се' додека не дадовме Блокмакс.
Сабајле дадено сируп парецетамол во 7:30 часот, измерена 39. Уште не ја спушти, масирав со разреден алкохол, туширав со млака вода без главчето и ништо. Малаксан е со цевени очиња и што е уште полошо почна да кашла длабоко и сочно Вчера е слушан кај матичен, ама претпоставувам било во почетна фаза и ми е страв дали има нешто сега. Сега му ставив натопени чорапчиња со разреден алкохол, веќе немам ум што да правам. Чекам барем 11 часот да дојде, за да му дадам Блокмакс. Мерено сега со дигитален топломер од едната страма на слепочницата дури 39.6 ми покажа, сега ќе мерам со топломер со жива. Двете докторки се да не се дава на 4ри часа сируп многу брго било, а вака како ќе ја спушти ? Помагајте
Да рано е да даваш сируп порано од 4 часа. Соблечи го по пелена, масирај со разреден оцет, разлади ја просторијата. За жал во моментот тоа е се што можеш да направиш. Ако сметаш дека се влошува состојбата носи го на лекар.
Во 11 и 10 некаде беше му дадов Блокмакс и докај 12 часот постепено ја спушти, околу 14часот почна пак да ја качува, нели е некако многу брзо ? Почна да кашла и гласот му се смени. Инаку масирам со разреден алкохол и сега му ставив чорапчиња со разреден оцет. Кај и да е пак ќе туширам. Ова значи било ептен стресно и незнам колку му помагам. Ако не ќе одиме на доктор.
Во врска со намалувањето на температура правиш се што можеш. Така му реагира организмот, ќе се избори. Ако ти е мисла со кашлањето, однеси го на лекар може ќе треба инхалации да се прават. Скоро и јас поминував низ истото, не можев да му спуштам температура, давам сируп на 38.6 наместо да оди надолу таа се качува во наредните 2 часа и стигна до 39.5. Конечно по 2.5 часа почна да намалува до 37.5 и така до држеше еден час и пак почна да се качува. Не издржа ни 3.5 часа без висока температура. И тоа не беше корона, со неа полесно мина. Ова беше некој вирус што го донесе од градинка. Ќе стекнуваат имунитет, а нас ќе ни белеат косите.
Стресно е ама ќе помине. Ние ја поминавме со еден ден висока до 39,5. Туширање, разладување, парацетамол и чорапи со сапуница. Исто кашлавме и правевме инхалации 5 дена. За тт можеш и да исцедиш лимон и да измешаш со иста количина сода. Во моментот се прави пена и со пената мачкаш по тело и масираш. Така сум правела за првото дете кое што се вика и при мала настинка качуваше висока тт.
Ако можеш Локомотив сирупче ептен е ефикасно , брзо дмирува повраќање или наусолвит јуниор Пробиотик дај , вода не , чекај подоцна голтка по голтка. За храна знаеш.
3 заба извади без температури чуда. Сега треба да искача уште еден кец горе. Синоќа качи 38 и цел ден и варира до 37.7. Можно е од забов нешто? Ме мисли и сунчаница да не е, вчера на плажа бевме 3 саати попладнето. Ама па весела е ептен, не повраќа.
Ние кога бевме така испадна црвено грлото,можда е најдобро да ја однесеш на контрола...период е баш на вируси.
Sigurno e nekoe sitno virusce od namalen imunitet radi zabi. Pocekaj obicno za 24-48 casa treba da i projde temp. Ako ne kasla, vesela e i jade toa e nema sto da ja mknes po lekari