Мамички убави кажете ми на бебе што е на ад кои капки ги давате јас му давам babytol d1 k1 и сега читам дека се користат само ако е на мајчино млеко.. во понеделник ке го носам на педијатар па кажете ми немам мира кога го прочитав тоа.. инаку тие ми ги кажаа од болница кога излегов.. Ви благодарам
Да, со К витамин пијат тие што се на мајчино млеко само, бидејќи во адаптираното веќе се содржи. Не е страшно дотроши ги, ќе смениш со Д3 + омега следно.
Ништо не си наштетила, дотроши ги, па земи како што ќе ти препорачаат. Обично Д3 со ДХА препорачуваат.
Здраво мамички, Ми треба совет од вас. Детето ми е 15 месеци и супер прогрес има, се му е како што треба. Но последните неколку денови почна да ја удира главата каде ќе стигне или често и со рацете си ја удира. Ве молам искуства од вас околу тоа?
Ќерка ми ја удира главата најчесто со раци или од душек во периоди кога вади ново забче. Педијатарот ми кажа дека тоа било често кај деца што вадат заби дека од болка го прават тоа, следи и види ако за неколку дена прекине до тоа е. Можеби прави така и за да добие нешто, да привлече повеќе внимание. Сепак консултирај се и со педијатар.
Мамички и ние закачивме некое вирусче изгледа. Вчера цел ден со тт до 39, 2. Далерон не симнува никако. Се туширавме, алкохол со вода разреден и на крај Блокмакс дадов во 9 и 30 вечерта. Паралелно имаше гасови, ждригавици и со по некој нагон како за повраќање. Во 1 ипол вечерта се разбуди со такво страшно вриштење, виткање на нозе и тресење. Едвај се свестивме па да се смириме. Можно ли е да беа грчеви во прашање? Или беше некоја болка во сон? Се преплашив. Ви се има ли случено нешто слично. И јавив на матичната ама сеуште немам одговор
Кај некои мали деца од инфективен процес, знаат да се воспалат жлезди во стомачето кои прават грчевити болки, па дури и мачнини и повраќање. Друго мојот обично во сон со неутешно плачење се будел ако имал мака со ушиња. Провери тоа да не го боли. Ако се ушиња би ти препотачала да одите да го видат некаде на дежурен зошто тоа е страшна болка. Инаку далерон и кај мојот не делувал никогаш, затоа јас давам Ефералган.
Ти благодарам на појаснување. Ми олесна. И матичната кажа дека се најверојатно грчеви во стомакот. А ушињата ги проверив. Нема болка кога ќе притиснам, не реагира. Секако ќе одиме утре на преглед па ќе видиме што ќе кажат.
Направете тест за Корона. Кај нас истите сипмтоми на крај испадна позитивен на Корона. Со лесно, ќе помине
Moeto slicno so teski gasovi. Stolica uredna ama prdenjrto bolno na saat vreme se budese. I dadovne flonivin probiotik pomogna
Исто столица уредна. Давам waya пробиотик и сега сме ок. Температурата помина ( се надевам) благо поткашлување само наутро.
Ovie bile kombo od probiotik i espumisan. Mojata r golema regular ne pie probiotik ovie maticnata ni gi dade sega
Супер инфо, тнх. И ние престанавме со пробиотик ама сега дека со вирусчево самоиницијативно си ги земав дека предходно нив ги пиеше.
Реакција на храна да не е, тој предел ми искача од храна ама не изгледа вака. Ко егзем некој контактен дерматит можда така ми изгледа. Доктор секако.