Мами бебе е 5++ и денес ми качи температура околу 19 часот Беше 38.6 и веднаш дадов парацетамол и му ставив пола лепенка на чело Сега му е 37 и дали да ја тргнам лепенката или да му стои до сабајле имајќи предвид дека дејството на сирупот веќе поминува и може пак да крене тт
А зашто и лепенка плус? Не осудувам ама јас лично никогаш не сум нит би залепила лепенка на глава на бебе. Не се влече тт од глава на бебе. При даден парацетамол и да качи поминати се 4 часа можеш да дадеш повторно. А и да не се поминати доволно саати постои опција расоблекување, разладување, туширање, алкохол со вода разреден и масирање. Со лесно да помине мајка
Вирус е, прави кожно промени најпатогномонично е тоа. Намалува имунитет, може да направи и после кожните промени кашлица, растечен нос, црвено грло
Малото од вчера е со осип,денес кашла. Поминува само по себе или да го носам на дежурен? Што да ми дадам за кашлицата да му олеснам?
Здраво. Малово од вчера ми е со тт, кс уредна, црп 10. Го носев и на дежурен во Систина, ми рекоа дека општата здравствена состојба му е добра. Ми рекоа да давам парацетамол наизменично со блокмакс. Ноќеска ми качи 39.3. Значи мене стварно ме ми е јасно како да давам. Јас почнав во 12ч парацетамол, па во 4ч блокмакс, па во 8ч пак парацетамол. Е сега матичнава ми кажа дека не треба така туку ако дадам парацетамол во 12ч во 2ч да дадам блокмакс, а во 4ч повторно парацетамол. Всушност на 4ч го терам парацетамолот, а блокмаксот само измеѓу(не повеќе од 3 пати во 24часа). Како е правилно? Дали се дава нешто превентивно за грчеви? Многу сум исплашена
Јас мислам дека ти си ОК, многу е на 2 часа да даваш за температура, на 4 наизменично да, во ред е ако не спушта, ако е под 38.5 чекам да поминат 5-6 часа па да видам. Саат време им треба на лековите да почнат да делуваат. Баш и мене сега ме интересира.
@TanyaClover и јас мислам дека 2 часа е многу рано за пак да се даде нешто против температура, а посебно ибупрофен што е појак. Јас давам на 4 часа наизменично, само кога не се спуштила температурата под 38.5 или за брзо време пак се качила. Скоро ми се случи дури после 2 часа од лек, да почне да намалува. Ако му дадов пак за 2 часа сметајќи дека претходниот лек не делува, сигурно ќе отидеше телесната температура под 36.
Исто и мене ми се виде премногу, а и некако ми нема логика затоа и прашав тука. А кажете ми премногу сум исплашена од висока температура или од нагло спуштање, има ли нешто превентивно за грчеви или не. Ми рекоа дека имало чепчиња ама тешко се наоѓале. И уште нешто дали е подобро да продолжам со парацетамол или да сменам на ефералган?