Ако се топли, нема да качува висока. Ама може да ставиш чорапчиња натопени во разреден вински оцет. Ќе симне и од нив. Се надевам појак антибиотик ви дадоа.
Да. Амоксиклав. Мислам е појак. Ставив чорапчиња веќе. Имав вакво чувство за викендов, затоа и бев денес на лекар пак...
Треба да се земе урина, и да се направи уринокултура. Ама мене ми оди памет на грлото, дека немам искуство со уринарни инфекции. А со грлото баш вака ми правеа и двајцата, малото баш една недела беше со тт, од понеделник до петок, ама се симнуваше од ефералган. Антибиотик доби во четврток, во петок го сменија оти гнојна ангина беше, во сабота престана да качува тт.
Мајка ми вика дека во 30г прв пат гледа вакви симптоми на вирус како изминатава година, телото и главата горат, дланки и стапала мраз ладни, моноцити и гранулоцити јавуваат вирус. Во вакви ситуации сум давала прво антипиретик (кај моето Бруфен дава благи фебрилни конвулзии па не давам) загревам додека се стоплат нозе и раце па после ладам. Ако е вирус, нормално за тоа треба да каже кс и доктор, џабе антибиотик, ама ако има и црвено грло добро е што дале за да не направи гнојна ангина. Вака сум сфатила за овие 3г до синче. На нас Амоксиклав не ни делува, ни Алмацин, за послаб инфект даваат Зинат, за појак Трицеф, еднаш само пиеше Цефалексин и му помогна, имаше воспалени лимфни јазли од варичела, ама докторов го знае веќе убаво и не експериментираме. Доктор најубаво ќе каже, ама одберете доктор во кој ќе верувате.
@TeddyGrey Како сте? Се симна тт? Многу мала доза е 3.3мл Далерон бебе ти е преку 10кг чинам, треба да даваш повеќе. На 5мл Далерон има 120мг активна супс.парацетамол, а на бебе од +9кг му треба 150-60мг. Амоксиклав и не е така јак антибиотик,но пробајте ете..
Да, над 10 сме. Во упатството на далеронот дозата беше по возраст. Ноќеска не качи температура. А појак е од Алмацинот секако, мислам. Башка што е на 12 саати. Се надевам денес конечно ќе биде добра.
Парацетамол по килажа се дава, пола од телесна тежина. А бруфен според возраст се дава. Амоксиклавот има поширок спектар на дејство од Алмацинот, а и двата се иста група лекови. Небитно, само да поминува побрзо.
Мајки помош Што е ова???????? Бебчево е од една пријателка и многу е загрижена. Препорака за добар педијатар итно молам. Едит: бебето е старо 26 дена и до скоро имало жолтица.
Родителите со бебчето биле денес кај нашата педијатарка Марија Христова,го видела ова и рекла не е ништо страшно и препишала еозин за бубулиците а за ова подуеново ништо не им рекла. Не ми е јасно како некои педијатри се машинерија за пари и ништо друго. Препорака каде да одат ?
На клиника. Мене ова ми е абнормално. Осипот не ми изгледа страшен со оглед на возраста и се чисти. На меше јас би барала ехо. Тврдо е на допир?