Знам дека постојат Дијазепам чепчиња против грчеви, но тешко се наоѓаат. Некој да ти ги донесе од странство. Не знам точно како и во кој случај се користат, најдобро консултација со лекар за нив. Инаку јас давам Ефералган и Бруфен како сируп и Ефералган чепчиња за помалото бидејќи ми го плука сирупот.
Па читам по форумот дека по се задоволни од Ефералганот затоа и прашав. А и за чепчиња се размислував од иста причина, многу тешко пиеме сируп
Колкаво е бебето, јас со шприц давам, ја легнувам и шприцот накај образ полека, не ќе се расправам со неа за лекови. Инаку има Ефералган чепчиња во Бети Аптеки ама незнам колку помагаат за фебрилни.
Мами како сте поминале со бебе со ковид.Бебе има 3м од понеделникот беше со вирус со температура малце кашлица и пролив до четвртокот.Му дадоа алмацин превентивно за кашлицата зошто има всд шумче на срцето.Таман си реков ете помина.Вчера ќере 3год крена темп. со кашлица и размрсулавеност,сношти маж ми крена темп. а јас со болки во грло и малаксаност.Денес бебе од ново почна да кашла и од ново крена темп.Се конустирав со двајца педијатри преку телл ми велат штом сте сите со симптоми тогаш е ковид,и штом бебе од ново пак крева темп.Го тестирав со брз тест негативен е ама ми велат рано е затоа.Алмацинот го пија,ми велат ете покријан е со антибиотик што е тоа е.Ако нешто почни многу да кашла или не симнува темп.тогаш да го носам.Извинете на долгиот пост ама исцрпена и очајна сум.Бремена го прележав ковид сеа бебе пак
Majki ni go dadoa sirupcevo i na nego citam pisuva granuli za suspenzija i da se dodade 100ml voda. A ova e veke tecnost. Toa znaci deka e veke prigotvena suspenzija ili na ova da se dodade? Malku glupo prasanje ama prv pat davam vaka
Нејверојатно веќе ви го раствориле во аптека. Обично прашуваат дали они да го растворат или пак дома со дестилирана вода вие ќе си го подготвите. Ама ако си има до горе вода значи си е спремно, само пред секоја употреба убаво да си го раскламуцкате..
Nesto mozebi go ima polazeno, kasnato ili pak pratete slucajno da ne mu se pravi jacmenice. Ako e kasnato bi trebalo brzo da se povlece.
Малата ми има папочна кила..а е на возраст од точно 4 недели..Дали би се повлекла сама и колку може да е опасно...? Фала
На син ми од ковидот кога беше позитивен му излезе вакво, како јачменче е и само од себе се повлекува и се активира при секоја настинка. Купи му појасче за папочна кила од аптека и ставај му го. Ќе му зацврсти мускулатурата и ќе се среди само од себе.
Кај нас сама се повлече некаде кај 6 месеци...ни рече матичната паричка да редиме, гледам сега има и специјални појаси ама искрено грев ми беше да го врзувам..матичната ми рече почекај до 6 месеци ако не се повлече ќе редиме појаси, не правев ништо, почекав и сама си се повлече...не е опасна
Mom's Ќариме ковид. Вчера јас качив температура утрово се тестирав позитивна. Пред два часа и малава качи 38.6. Ја истуширавме и дадов сируп и заспа. Се нервирам многу што 8 месеци ни нос затнат немаше и сега корона. И пак да фатиме од туѓа не одговорност.Золва ми беше на гости, големиот имал температура и кашлал ама од пубертетот му било, бебе од два месеци исто 39 температура ама ништо не му било и ти го кажува тоа дури пиете кафе и сакаш да ја удавиш во кафето. Вака читајќи ве низ месециве наназад генерално супер поминувате со бебињата ама дај те некој совет плус. Матичната ни даде витамин ц капки и бејби вит капки. Рече ако одбива да јаде, ако ептен и е лошо расположението да ја носиме во козле
Еве сме и ние,нас тестот негативен ама 99%е ковид Бебе 3м со темп кашлица пролив,ќере 3год само темп мм темп и пролив јас болка во грло,кашлица,темп.На бебе ми дадоја панцеф,црвено грло црп 20 и оштро дишење + бебивит.2дена трае темп,а малаксаноста еве петти ден.Со лесно
И синко беше на иста возраст кога фати ковид. Тој 5 дена имаше само температура, од кои првите 4 до 39.8, последниот до 38.5. После температурата му се затна носето и почна да се накашлува ама од секретот од носето. Јас од старт го носев во козле од пусти страв и уште од одма ни препишаа панцеф. Матичната (во друг град) ни рече да почекаме со антибиотикот дека крвната слика му беше супер и освен 1 ден температура немаше ништо друго. Ја послушавме и поминавме само со чепчиња ефералган (ми го плукаше сирупот), витамин Ц и инхалации со физиолошки. И да одбива храна, гледај да е хидрирана цело време. Со лесно да поминете. ❤️
Храна до сега не одби, утрово јадеше и сега касна малце. Него борба водиме за сирупот исто го плука. Ни шише не сака за да и дадам нешто скоче или чајче. Водичка од чашка пие по малце малце. Мислев дека нема да испаничам ама знаејќи колку ми беше мене вчера тешко со таа температура ја гледам и си приплакувам.