Чуј се со матичниот и покриј ја со антиб ако ти е дете што одма спушта на плуќа. Мислам не би требало без темп, може хрчи од носот. За другово батали осиг во локална амб не верувам да ќе те кошта повеќе од 50е преглед и тоа е многу. И битно дали чистиш нос со аспиратор и капки. @majavel1 вакцинирани ли се ?
Здраво. Матичниот педијатар ни е на одмор, сега ќе ја барам замената. Во меѓувреме ако може некој да ми каже, малата која е 5+ месеци има проливче, имаше 5 пати претечна столица како обоена водичка од вчера вечерта до сега, дали е можно дали постој шанса да се има преладено да и имаа настинато мешето или не може од тоа пролив да има во никој случај, па е нешто друго? Да знам да и го топлам стомачето во меѓувреме или да не и правам додатно жештини на жешково..
Мајки онојпат татко ми на синко му даде малина само малку да лизне, после некое време целиот се исфрли по тело, лице. Не бев сигурна и денес во кашата му ставив 3-4 малини, додека јадеше револуција во стомак и пролив. Веднаш потоа целиот се исфрли. Дадов сируп Лоратидин, онојпат докторката ми рече тој да го земем ама до тогаш му помина. Сега ми е страв што овие ги изеде, дали може нешто да се случи ? Умирам од страв.
Можеш и пробиотик ако не си пиете редовно. @S.o.F.i Од кога го даде сирупот се смири? Ако се смирило нема повеќе да се влошува, во секој случај јави се кај докторката. Треба и да ти одреди доза, сега и ќе треба неколку дена да го пие да се смири организмот. Ништо страшно, не паничи. Ако не се смирува, се шири и има голема реакција носи го на лекар. Ма да мислам дека од сирупот треба да се смири.
Дали озбилно му даде на детето малини само за да видиш дали е алергично, иако знаеше дека прв пат многу лошо поминало од таа алергија.. Не знам што да кажам, не си играј друг пат играчки со детето вака колку само за да видиш што ќе се деси..
Намалете со страстите. Не била сигурна дека било алергиска реакција првиот пат или па било каква реакција, затоа и земала сируп за секој случај. Алергиски реакции се нормални и никој не може да ги предвиди.
A како ќе знае дали е на нив алергично ако не му даде да проба? Можеби минатиот пат не била реакцијата од нив
И мене ми се исфрли од морков еднаш, па пак и дадов после некое време по совет од педијатар и наредното давање немаше никаква реакција. Chill Едит, он топик: @S.o.F.i доколку е повлечено, нема да се влоши повеќе, од тој аспект немај грижи. Извести го педијатарот, ќе те упати за понатаму што како да правиш во вакви случаеви
Да ти одговорам колку можам посмирено и нема да бидам дрска како тебе. Пред 1 месец во кашата му ставив неколку малини и немаше никаква реакција. Онојпат татко ми му стави ептен малку во уста што дел го плукна, а по цел ден сме надвор па не бев сигурна дали е од тоа( а бев сигурна дека не е од малината бидејќи прв пат ништо не покажа), дали од некоја трева или пак од нешто нечисто што знам... Сега дадов и воопшто не очекував дека пак истото ќе се случи. Така да ти немаш појма што јас се поминав со моето бебе од како е родено и дека имаме и голема алергија на кравји протеини и секакви глупости, за да ти ми кажуваш дека јас си играм играчки со моето дете. Срам да ти е ! На другите сите фала ви, се смирија од сирупот дури и помалку му излегоја за разлика од онојпат.
Aј бе не се објаснувај, јас 100 пати и дадов морков и еднаш се исфрли. Се дешава. И не значи дека ќе биде за век и веков сега алергично. Мене педијатар ме советуваше после некое време пак да пробам во помала доза и без комбинации, само морков. И немаше никаква реакција после тоа.
Мајки дали некоја има проблем како нашиот,21 месец сме но никако не сака парчиња и да џвака,на блендирано е цело време Има ли начин само да почнр да џвака или ке мора да ја носам на дефектолог за хранење Матичната ми кажа во мегалогомед имало и дали некој има искуство од таму Секој совет ми е дпбредојден бидејки многу се нервирам,веќе и немам идеа сто да давам за јадење,едно исто се блендирано
Следам...на иста мака сме, само ние сме малку помали, 18 месеци сме...од тврдо само смоки и бисквити...овошје, зеленчук одма ја трга главата..пробано да му оставам на хранилка, да му давам во рака сам, да му давам директ во уста, ништо не помага...после првиот роденден почна малку да прифаќа парчиња во каша ама и така се мурти и прави фаци и некогаш плука
Ме погоди реченицата дека си играм играчки со моето дете. Вие најдобро знаете што паничар сум и по 3 пати размислувам за нешто дали ќе дадам. Затоа и уште многу работи немаме испробано и доцниме за разлика од нашите врсници, бидејќи имам страв во мене од вакви ситуации. Ама нејсе, пред да напишеме нешто треба два пати да размислиме.
Не е болникава воопшто и досега никогаш немала бронхит или слично, ама изгледа и јас испаничив. Мм е паничар пошто како дете страдал од алергиски бронхит и одма ми направи филм. Подобра е, пак захрчува чат пат, ама од носот е сигурно оти не е цело време, обично наутро или после дремка се закашлува и се слуша како хрчење. Нос дуваме цело време и ставам капки аква марис, ама немаат нешто ефект капките, секако сме на море па демек и засилен ефект ама уште и тече (т.е. не е како пред некој ден, намали малку). Од лекарства за нив носам само капки за нос, сируп и чепчиња за тт и пробиотик. Фала ви на одговорите на сите. Мислам дека и мине веќе.
Мајки здраво. Бебко 7 ипол месеци цел ден со пролив, дадов линекс пред 2 часа по препорака од педијатар. Сега качи температура, го истуширав, меѓутоа докторката не можам да ја добијам, после колку саати смеам да дадам сирупче ако не ни се намали температурата?