Мојата скоро 3 дена не симнуваше под 37.5 и тоа со чепчиња сируп повраќа еве ја сега само кашла малку така да немај гајле до кај 3 дена држи а и 37.4 не е страшно
И големата е исто толку. Ама многу добар имунитет и крвна слика има уште од помала, без разлика што не јаде многу
Чепче ефераглан дадено пред 3 часа, температура 39,6 сеуште не се симнува. Дали може да се даде блокмакс? 2ипол години детенце
После 4 часа мислам смееш другп да дадеш, а виду дозата да не му е мала на чепче мојот така кога не симнуваше на дежурен ми рекоа чепче ипол да сум ставала
Од што може бебе да има само температура? Ниеден друг симптом нема, прееска од нигде никаде топол ми беше, мерам 38.6. Му дадов ефералган, се спушти, сеа пак качува. Супер расположен е, јаде, пие, се смее, си игра, не кашла, нема секрет, мрсули и слично. Чудно ми е ептен.
Од вирус. Не мора да има симптоми ако е вирус, може само да се бори телото и да крева температура. Од бактерија најчесто има и други симптоми.
Аха аха. Дека прошлиот пат од вирус многу полошо помина, со кашлица инхалации... Може да остане само на ова? Т.е да се избори телото и да не пројави друг симптом?
@unearthlysarah да можно е, многу пати мојот така имал само ден два температура и ништо друго. Ќе видиш до утре како е.
Може ли некој да ми каже неофен како се дозира? Не можам упатство да најдам а итно ми е. Бебе е 10м, 11кг.
Ќерка ми беше така, еден ден температура само до 38, ништо друго. Па тек после 24ч дијареја. За 2 дена пројде со пробиотик. Следи го утре.
До 39.3 качи (со живин мерам), а друго ништо. Јаде, се смее, рипа, не знам како. Ја со таа температура немаше од кревет да станам. Фала за советот, ќе пратам од утре како ќе биде, се надевам на ова ќе остане само.
Мамички што може да е ова ? излазано или осип …и се појави пред 3-4 дена мислев дека ја има каснато нешто ама од тогаш само црвенилото им се има повлечено , ке почекам уште некој ден и ке ја однесам на кожно …но до тогаш ако имала некоја слично искуство нека сподели инаку на двете ноѓиња има вакви брунчиња само во долниот дел
Ви се случило да ви кашла бебуш само во сон? Значи онака не кашла скоро па ич, денеска два пати дремна, два пати во сон се разби од кашлање. Сега пак заспа, пак кашла.
На одмор мојава така кашлаше, цел ден ништо навечер ќе се откорне. И давав останатите денови Аериус, ако не и дадев пак почнуваше. Дома ништо не и беше. Изгледа не е навикната на чист воздух.