Мајки, Бебе 4 месеци, само на доење. Денеска од сабајле има 5- 6 какани пелени, од кои првите 2 беа нормални, па 2 - 3 беа ко испрљани само. И последнава ме извади од памет Спојлер: Гомце Не сум менувала исхрана, пробиотик ист од раѓање. Бебе весело, спие, цица, прета. Ќе идам кај матичната за кратко ама се испаничив скроз.
Te molam spodeli sto ti kaza maticnata, deneska bas potpolno isto mi se sluci na malata ima 3 meseci. Krvavi liniicki niz stolica. Procitav deka moze da e alergija na mlecni proizvodi koja nemora da znaci deka ke ostane vo idnina. Pisuva 3-7 dena majkata da ne konzumira mlecni proizvodi za da se vidi dali pak ke se povtori Ili ne.
Бебето се разбуди со три вакви точки на едната страна. Едната точка е кај крајот на окото не знам дали се гледа убаво. По пола час се појави уште една на другата страна од лицето. Телото е чисто. Температура нема, одбива храна. Друго се е нормално. Дали е можно да се некакви сипаници?
Дај Боже да се. Немам искуство со сипаници и уплав добив. Нешто ко чудни ми се гледаат за комарци ко ситни и рамни затоа.
Ако се расчеша ќе се зголемат и ќе се испакнат. Кај моиве гледам некогаш вакви точки на сабајле, кога успеал некој комарец да се протне дома.
Бебе за недела дена прави 1 година. Од вчера има температура, најмногу имаше 38,8 синоќа, па и' дадов 2 чеплиња efferalgan, и од нив и се нормализираше, па цела ноќ океј беше. Од утрово пак има постојано, во последниве неколку саати цело време и' е 38,2. Ништо не сум и' дала сега и се прашувам дали треба? Што да земам нешто друго во случај ако повеќе крене вечерва? Што смее друго на оваа возраст?
Блокмакс или далерон им сирупи... Ние сме 15 м бевме болни пред 1 месец, температура до 38,2 до 38,5..наизненично дававме на 4 часа до 6 зависи.. По 4 до 5 мм.. Многу беше кенкав и клапнат.. Ние бевме и со повраќање и пролив ама не траеше многу време. Давав локомотив за повраќање и диастоп капки за пролив. Провери да не е корона. Ние бевме од корона, леукоцитите му беа намалени, а се др во нормала. Плус и заби вадеше. Му дадоа мултивитамински сируп 1 во денот на актив фирмата и изопринон така нешто сируп за имунитет...Се пие тој сируп 10 дена, па пауза од 20 дена, па пак 10 дена. Мој совет консултација со др. Првпат се разболе и се надевам дека нема да има проблеми и последици. Поздрав и со лесно
Мамичко и ние имаме хидроцела од кога се роди. Одиме почесто на контроли 15 месеци сме. Кажуваат дека треба да се повлече, а ако не се повлече до 3 год се прави операција. И јас сум нервозна, ама мора да се смирам. Ние пред некој ден го носевме и имаше како гнојче, па го чистеа, треба почесто отворање на кожичката, ама не дава, па што го чепкаа го боли.. Ни кажаа со камилица тоалета и белогент крем 2 пати да, се мачка. Ќе помине се. Дај боже да не дојде до операција.
Земав Блокмакс и лепенки. Пред пола саат измерив 38,6 и поради тоа и' ставив 2 чепчиња. Е сеа, Блокмакс да дадам по 4 саати од сега? Па после 4 саати од Блокмаксот, ако има сè уште висока темп. може пак чепчиња? Така се даваат лекарствава, нели? 4 часа едното, па после 4 другото? И лепенкиве смее да се сечат ваљда? Оти многу големи се, јас на пола ги пресеков по должина и половина залепив на чело. Му пишав на педијатарот утрово зш не можам денес да ја нисам во живо, а тек сега ми стигна автоматска порака дека човекот е на одмор, и ѕвонење у ординација до 16 часот.
2 чепчиња му стави од еднаш? Да, наизменично се дава парацетамол и бруфен на 4 часа во случај ако не спушта температура. Неколку педијатри ми имаат кажано дека температура не се вади преку главата, затоа и туширањето со млака вода секогаш е без мокрење глава и не се лепат лепенки исто така.
Да, дозата е според тежината, има речиси 11 кг. Пред неколку месеци кога имаше 38,5 темп, уште тогаш педијатарот ми рече еден ипол чеп. Сега според табелата треба 2. Мислиш не треба 2? А колку време да се трудам да и' ја симнам температурата и до која температура се толерира, пред да ја носам на дежурен, ако има потреба? Синоќа околу 10 саат имаше 38,7 па после чепчињата цела ноќ беше добра. И сега има, и' варира помеѓу 37,5 и 38,6.
Какви чепчиња ставаш? Ефералган 80? Ако да тогаш земи од 150 и стави едно. Освен температура други симптоми има ли? Ако е само температура и не премногу висока над 39 тогаш ги носам после 2-4 дена. Ако има кашлање, премногу висока температура, повраќање, дијареа тогаш носам порано.
Да, користам Ефералган 80, тие сме ги купиле. Ќе преминам на 150, штом има и такви. Инаку, нема никакви други симптоми. Ништо. Освен што одбива да јаде, а аптимил пие, исто така многу е весела, како да нема температура. Се надевам дека до понеделник ќе спадне скроз, ако не, тогаш ќе ја носам.
Здраво мајки последнава недела синко ептен зачести да кака 3 до 4 пати на ден, меѓутоа низ каката има шлајм се извинувам на изразот,и бојата оди накај зелена. Се консултирав со докторката ми рече давај пробиотик за една недела ќе се среди дали некоја од вас се соочила со вакво нешто?
Да, јас од 150 ставав 2 пати, на 4 часа да. Јас си давав наизменично Блокмакс и далерон сируп. 4 дена така давав, после 1 или 2 дена беше на 6 часа, немаше висока тт, затоа и прекинав. Исто така туширв со млака вода, водата да биде 1 степен помала од таа што ја има. Пр ако има 38 тт, водата да биде 37.така ми имаат кажано.