Жени кои се симптоми на настинка как бебе? Јас сум засипната и кашлам страв ми е да не му пренесам. Ковид не е. Маж ми е добро. Бебе цица и се плашам да не го разболам. Ставам маска ми ја вади со рака. Многу сум уплашена инаку има апетит малку е нервозен сма мало е. Во паника сум
Нема зошто да паничиш, ок си правиш. Ако нешто му се растече носе, кашла, крева температура, ќе отидете на педијатар ќе го наслушаат и ќе ви дадат насоки, ќе прскате спрејче, ќе влечете мрсули ако има потреба. Продолжи си со доење со маска ако можеш и антитела преку тебе ќе прими. Може и да не фати ништо не се стресирај.
Мајки бебето последниве 20 дена напредува само по 10 грама на ден. Почнавме со вкусови пред 10 дена и од тогаш кака еднаш на неколку дена, а со мочкање си полни пелени. Првите два месеци добро си напредуваше, после постепено качува се помалку, ама до сега вака не било. Да напоменам само дека имаше некое вирусче (веројатно ковид) пред месец дена. Педијатарот вика дека не е страшно, бебето изгледа здраво и крвна слика е во ред ама мене ме загрижува. Иначе бебче има 5 месеци. Ме интересира дали имате искуство, што можам да превземам и што е најбитно што би можело да биде проблемот. Уште ја нема дуплирано килажата, педијатарот вика и за ова не е страшно
Мајки малата денес има запек никако не можеше да се покака односно лајнувчето и стоеше на газето ама никако не можеше да го извади, со топломерче успеавме да извадиме поќе како камчиња но гледав дека има уште ама веќе нејќеше да турка и го стегаше газето сега си е расположена дали да и ставам чепче нејќам одма да трчам на ургентна да и прават клизма ми е страв да не се истрауматизира, сваривме компот од слива сега испи 30мл а сабајле јадеше круша и праска, ја искапивме и во потопла вода некој совет како да и помогнам дома ако можам ако не ќе ја носиме тоа е
7м за 5 дена доење, ад, и оброк си јади си пие ама скржава е не дава ништо мака мачиме со какањето не е од денес ова само ама денес ни со помош не можеше, не кладов чепче ја одморив малце па пак вежби се покака
Ама ова од сега е или подолго ко да те читав имате мака. Пробиотик давате некаков? Јас искрено се пребацив на повеќе цицање наместо цврста храна. А давав и омнибиотик па сега што заврши работа искрено не знам. Еве оваа недела и е мека каката, не течна и не се мачи.
И ти конзумирај сливи, дали свежи, џем, компот, небитно. Оброкот гледај да не е компир. Позрела банана на пр можеш да дадеш, слива или кајсија.
Здраво, ме интересира дали може бебе да префати од друго бебе жолтица? Ќерка ми е 3 месеци немаше кога се роди меѓутоа ми се роди внук веќе 3 недели има и има жолтица, а денес ми кажаа дека можело да се префати од друго бебе. Какво искуство сте имале вие и дали може да се префати?