Kрени ја на високо да не се слеваат . @Mucika exantema subicum или шестта болест. Кај син ми така го пишува во извештај. 6 дена висока температура, се исфрла цел и за два дена ко нов. Ми рекоа со ништо да не третирам
Мамички вчера заприметив како бело на устето можеби е од млекото но кога беше помал и кога цицаше нон стоп немаше ништо сега се појави а веќе сме 8м и цицаме еднаш и 2пати АД Др кашички од што може да е и како да го исчистам пон одиме на педијатар
Така беше кај нас за прв пат кога и се затна носето. Во исто време и затнато и водичка тече. Плаче дека не може да дише преку нос. Аква марис не може да помогне дека е солен раствор. Ти треба хипертоничен. Јас обично земам Синомарин спреј и последно земав бејби диво оригано. Одма го одзатнува носето.
Колку температура треба да има за да дадам нешто за симнување? Раце нозе ладни ама главата му жеже сега мерев 37.5
Над 38.5 се дава. Под тоа не, само се расоблекува за да се лади или се тушира со млака вода без глава.
над 38 давај, на пониска температура разладувај и туш со млака вода. Јас така правам кога мојата има температура.
Над 38 парацетамол ми е препорачано од неколку педијатри. Бидејќи брзо креваат тт бебките. Предходно како што ти препорачаа другите членки.
Мајки хепл, бебе 9 месеци гори од температура. Ќе смали малку и пак ќе качи. Носено на доктор, рече сируп,туширање и масирање со 70%алкохол. Што друго смеам да дадам
Уште разладување на просторија и оцет ти фали на списоков, ама кога не качува, на топли нозе. Алкохол 1:1 разредување. Од сирупот не се симнува? Колку тт има? Ако од парацетамол не спушта може ибупрофен или обратно на мин 4 часа. Ако е висока и не се спушта на доктор.
Зошто мене докторот ми рече да не го разредувам алкохолот? 39 имаше, спушти на 37.7. И пак почна да качува. Дадов далерон па ќе видиме.
Да не изумил да напомене, или ти кажа баш да не разредуваш? Не знам зошто. Јас дури читав дека не е ни убаво, ама ете и мене доктор ми кажа дека може алкохол. Како и да е, од сирупот треба да симне, ќе следите.
Баш ми кажа да не разредувам, го прашав дали да го разредам и рече нема потреба. Ни препиша и алмацин 3 пати дневно поради црвено грлце, пробиотикот линекс како да го дадам 3 пати дневно, после антибиотикот?
Мене педијатар ми рече пробиотик два часа пред или по антибиотикот. Немој алкохол чист, прејак е 70%.