Мајки малиот има 12 месеци веќе три дена има диареа, по два пати во текот на денот. Пие многу течности и електролити. Некој да сподели искуство дали нешто да се земе.
Ако кака само двапати во денот потечно, не е дијареја. Тоа е само течна столица. Дијареја е честа течна столица во краток временски рок, пример 5-6 пати во рок од саат време. А течнава столица може да биде од лигите поради вадењето заби. Давај си пробиотик и течности, палента, позелена банана, гриз, ќе се регулира столицата. Електролити не мора.
На темава: Бебе 5месеци е на антибиотик ради уше. Давам пробиотик ама речиси после секој подој кака. Ноќе не. Денски подои му се според побарувачка, може има и 6, а сигурно кака 5 - 6 пати само преку ден. Да сменам пробиотик? Столицата е нормална бебешка, можда нијанса потечна, со нормална боја. Златеста. Форсирам цицање плус зашто е болен. Има и ноќни подои, ама тогаш не кака. Ова за пролив се рачуна?
Не е пролив. Нормална столица е. Едноставно има брз метаболизам. Моиве беа исти и двајцата, дури и кога почнавме со цврста храна. После годинката се намали бројот на столиците, ама редовни беа. Моментално од антибиотикот е почеста, ама ќе се намали. Не менувај пробиотик.
Мајки бебе си го тропна солидно главчето изгледа од комодчето покрај кревет и има огромна џунка. Сопругот ќе ја заспиваше,па затоа не е сигурен во што се удрила.Во дел од секунда се исправа на креветот и губи контрола ко ќе и се спие..Јас сум на работа работам од дома па слушнав дури до дневна како тропна нешто ама не слушнав дека плачи.. Се смири со цртани некако,ја намачкав со путерче ама буквално рацете на уста ги ставив кога видов колкава е џунката. Добро реагира,не поврати има добри рефлекси зениците и се еднакви двете и и реагираат на светлина а фонтанелата и е како што и е и порано.. Поспана е пошто и е поминато веќе време за спиење и сакаше да спие па ја заспива мажот ми..Дали е во ред или требаше да ја држам уште будна? Да ја носиме ли на лекар? Душата ме здоболи кога ја видов
Најверојатно не е ништо, ќе ја следиш, ќе ја будиш додека спие на периоди да видиш дали лесно се буди, 24 до 48 часа прати ситуација, дали има промени во однесувањето. Мене живот ми се кратеше на секое удирање и паѓање на глава, и ден денес е исто. Ќе биде добро.
Здраво на сите...Оваа со столцата на син ми многу ме плаши 9+ сме имаше дијареа 3 дена зелено денес се разбуди околу 5 беше цел какан бела боја мешано со сиво како на сликата цел ден е ваква столицата само еднаш денес јадеше млеко кога стана и малку вода...Нервозен е одбива да јаде и се му смета почна чудно да се понаша некој со вакво искуство...
Мамии дали некоја од вас има испитувано Д витамин кај бебуш.Во понеделник ќе одам ама не прашав дали нешто треба да немам дадено од витамините претходно или нема врска? Едит: Бебеко е 5ипол месеци
Јас кога испитував не ми кажаа ништо за витамините искрено. Пример сабајлето го испи попладнето и земаа крв.
Nas ortopedot ni naglasi sabajle so ispiena d3 doza se odi na ispituvanje. I toa kozle ili avicena taftalidze