Од храната е. На мојата така се прави од модар патлиџан. Прво мислев друго нешто, ама и мајка ми имаше приметено. Долго не и давав. Пред 10 дена дадов пак и иста реакција, локално црвенило што се губи брзо. И педијатар ми потврди дека е реакција од храната.
Дали може да се измијат препоните на бебе со чај од камилица. Нешто ептен му се црвени како плици излупени топчиња. Незнам дали е од пелените. Канбебе користиме ама некако крути ми се. Дали може да ми ги препорачате најмеките пелени и да бидат без гелови и мириси. И од пудрата и кремата му остануваат бели наслаги и тешко се чистат. Веќе не му ставам ништо само со водичка.
Може да се мие со камилица и се препорачува во ваква ситуација. Очигледно има пеленски осип. Земи пелени без гел од типот пафис дајперс или бејбилав. Јас во вакви ситуации мачкам веледа за пеленска регија и од два пати се смирува. Патем, кога ќе помине, прекини да мачкаш било што јер лето е и ги затвораш порите. Не може кожата да диши.
Локална реакција од храната, моево така направи првиот пат кога и дадов компир, и баш ја сликав и ја покажував на педијатарот. И мене ми рекоа не е ништо страшно се додека е локално. Вчера и дадов пак компир, овојпат немаше ништо.
На детето му е фатено носето,едвај дише. Џабе сол у вода или спреј исомар. Имате ли алтернатива до сабајле иначе нејќе асално да ми спие само се мрдка
Здраво мамички не знам дали прашањето е за тука ама ќе ве прашам нешто.Ние сме со не полни 5 месеци и уште кога прв пат го однесов бебушот на педијатар ни кажаа дека можеби има кила на тестиси па ме интересира дали некој го поминал ова да каже за искуство однапред ви благодарам
Најверојатно водена кила. Сите машки бебиња се раѓаат со водена кила, кој се повлекува неколку месеци после раѓањето, сум заборавила до кој месец се повлекува, а двете ми се машки. Би требало веќе да се повлекува до кај 6 месец. Следете ситуација и по потреба консултирајте специјалист.
Да ни рекоа да чекаме до 6 месеци ако не се повлече да одиме на специјалист за да го видат на ехо.Ме загрижува бидејќи он си има оток меѓутоа и модро му е а највеќе се приметува кога го бањам
Откако му дадов еспумисан бебе не кака само еднаш и втор пат малку, еве цел ден нема какано. Мочка повеќе пати. Дали има запек и дали е нешто сериозно и дали да продолжам со еспумисан?
Еспумисамот е симетикон и наменет со цел да се ослободат гасовите. Нема влијание врз столицата. Тоа може само пробиотик ако даваш.
Кај да носам дете со температура? 3 дена се пред нас, паника ме фаќа. Омалаксана беше сабајле, 38,2 , жална. Од други симптоми ништо ама сакам да ја ѕирнат гради и грло. Освен што си ги има мрсулите. Пуштивме клима, заспа, мерам во спиење 37.9, 38. Во понеделник ќе земам упат за брисеви, ме мачат деновите до понеделник.
Јане Сандански, Ремедика исто имаат дежурен педијатар, мислам може и брисеви да ѝ земат денес, ако е празник. Прати како ќе биде. Ако има само тт, нека биде полесно облечена, нуди течности да се хидрира. За мрсулите прскај солен раствор, а јас најдобро ги вадам кога ги држам наведнати над чешма со млака вода и бришам. И смири се. Знам дека ти е тешко и ти е дојдено преку глава, ама ќе биде добро. Што и да се деси, има доктори и за викенд.