Јас со ваков измет би носела бебе на педијатар.Копрокултура нешто ако треба да се направи ,ехо на меше ,не знам ,лупам така.Консултирај те се
Феминки здраво. Малата е 7 недели, и вчера забележав како малку да е затната/зарипната. Проблем со дишење мислам нема и на нос си диши, мрсули не гледам, нема тт, си јаде и вака расположена ми личи. Многу плачеше изминатиов период поради грчеви па зарипната веројатно е ради тоа. Но тоа што е како затната ме плаши, кога гугука така звучи. Прво бебче ми е па страв ми е да не преувеличувам со идење по лекари без потреба. Дали имала некоја слично искуство? Благодарам.
Моето после јако плачење знаеше вака да изгуби глас. Го имам носено на лекар, немаше ништо. Само од себе помина за неколку дена.
Мајкички ве молам за искуства вие кои имате испитувано Д витамин кај бебината.Дали пред испитување му дававте без пауза д3.Јас давав и му испитав,вредностите излегоја високи и сега ми велат дека тоа е така оти сум давала д,а ми рекоја да давам па сега ми велат направи пауза 5дена па пак испитај и веќе не знам што и како е правилно.Секоја лаб.различно.Педијатар и ортопед не ми кажаа како тие се потпираат на докторот од лаб.како ќе кажи тој така.Ама еве во лаб.ми рекоја давај слободно а сега откако испаднаа вака резз.ај направи пауза па пак(не сум од скопје)Нормални вредности се од 30до100,кај нас излезе >150.
Не знам дали имаше врска возраста во референтната вредност. Ние правевме во авицена, еве гледам вика од 115-200 оптимално за деца, нас ни беше >130, од прст и земаа. Кога испитував не ми кажаа ништо за прекинување, сабајлето си дадов редовно, примавме 1200 ие, а после резултатов и повеќе пошто имаше потреба. Сега намаливме минимално, ама за 1 месец продолжувам пак со повисоката доза 1500. Имавте индикација за испитување? Ортопедот мислам би требало да ве советува.
Mene ortoped mi kaza posle 15ti okt da ispitame sabajle na gladno so primena d3 doza i toa vo kozle ili avicena taftalidze
Моето примаше 1200ие од 3месеци,сега на 5месеци ортопедот ни рече дека не се доразвијани јадрата и рече може да е тоа од помалце д витамин и ни зголеми на 1600и.е.Педијатарот ми рече да испитаме за да не си нагаѓаме.Испитавме како што кажав со давање на д и резултатот излезе >150 а референтните вредности се од 30до100.Педијатаров ми вели високо е,во лабараторијата исто така ми велат.Се јавив во плодност и таму се истите реф.вредности.Сега педијатарот ни намали на 800и.е па во четврток ќе одам во плодност да му испитам пак.Сега ти ме збуни со реф.вредности на авицена,ако е така за бебина тогаш на моево му е ок 150.Ум немам,не знам Едит:бебево е 5+++,колкаво беше вашето?
А ортопедот што ти вика, пошто ова ќе му дојде како терапија, а не суплемент во исхрана, затоа што он вака ќе ве третира. Педијатарот тогаш решение некое за јадрата треба да ви каже. Не е добро премногу д вит ама треба да се увиди во случајот што е најпаметно и дали за периодот додека се третира за да се дооформат јадрата може да направи проблем. Референтната вредност може да е различна од лабораторија до лабораторија не е секаде иста. Скоро 9 месеци беше мојата кога испитував. Инаку од кога е родена прима 1200 ие заради интензивен раст. Еве од авицена што пишува.
Педијатарот вели дека се доволно 400и.е ама него му даваа после 3ти месец 800и.е до 1200и.е заради што наеднаш порасна.И затоа ајде да не се 400 туку сега да му давам 800 а за јадрата вели има време до 7месеци да се развијаат.Сметаше дека се многу 1400и.е 1600 да пие цело време како што ни препорача ортопедот и затоа ни рече да испитаме д витамин и еве навистина излезе висок.Ќе испитаме еве пак па ќе видиме,сега давам од вчера по 800 и.е
Кај малото се јави 3 пати крв малку во каката измешано. Од памет се извадивме сите дома, јас ептен тешко поднесувам☹ Педијатарот се посомнева на алергија на кравјо млеко и се млечно шо јадам јас, а тоа преку мене. Ве молам некој со слично искуство.