Мислам дека проблемот е мандарината и кисело млеко комбинација. Остави го нека спие. Ако пак продолжи да повраќа тогаш носи го.
Таква реакција моето имаше од стомачен вирус, но може да биде и реакција на храна. Остави го да спие. Во случај ако се разбуди дади му со лажичка малку електролити, но не форсирај јадење/цицање најмалку 2 часа од последното повраќање, за да се смири гадењето.
Фала ви, се разбуди да цица и продолжи да спие, се смири и делува многу подобро. Фала уште еднаш за советите
Dete godina ipol veke razbira...izmegu sirupot zbori zosto go pie deka mora da go pie itn....mojata se buni ama koa ke recam mama mora kenka i otvara usta. I seuste so spric i davam polesno e Ponudi mu cice da se rehidrira malku
Ај да ти пишам и тука може некој ќе ме утеши или ќе ми помогне, бебе 11+ од понеделникот ноќта почна да качува температура докај 39.2-3, вторникот ја однесовме во козле, крвна слика добра, леукоцити нормално, црп 4,4, докторката ја слушна и пошо кашла откако тргна во градинка, рече полна е со секрет, ни препиша трицеф, инхалации три пати со вентолин и пулмикорт... далерон и блокмакс наизменично за температура... правиме се , вадиме со носко, веќе скоро и да не вади ништо ноското, кашлицата намалена, темпертура цело време качува и симнува, денес 6 ти ден, ќе дадеме сируп ќе истушираме, ќе падне и после пак... вака весела, си јаде најнормално, горе пробиваат 3-4 заба отечени набабрени се мислам се да не и е собрано... вчера носена и кај матичната на контрола.. рекоа треба време да спадне температурата... пробав и со компири.. некој друг совет? можно ли е да се заби? дали е нормално 6 дена со температура
Кој ги врти нека пиштат што мора мора. "Седнувам" над неа, со колена држам раце и нозе, со едната рака главата, со другата шприцот накај образ полека, не одеднаш. Цело време и зборивам дека ќе и биде подобро и дека мора. Обично следниот ден прифаќа без драми. Двајца е полесно, ама па секогаш не сте двајца. После и ги држам и рацете на мојава , пошто брца два прста во уста да поврати.
може да си во право, ќе направиме уште една крвна слика, кажи ми за температура шо правевте??? освен ја ова шо го правам. умрев од грижи. прв пат е болна
Ништо посебно. Давав Далерон кога ќе кренеше над 38.5 или Неофен. Електролити и Виранто 2 пати дневно по 5 мл. Вториот ден КС, петтиот пак бидејќи многу време ја држеше температурата, да видиме да не прешло во бактериска. 8ми ден ко ништо да не било. Ние ненаспани 7 дена, толку. Имаше само температура, ниеден друг симптом. Јадеше цело време и дивееше, ние у кома бевме од замор и грижи
За температура нас ни помагаше често туширање ( без главата ) 5-6 пати во текот на денот со температура 35-36°С на водата, и чорапчиња со киселина разредена со вода ( 50-50 ), и сируп неофен ( доколку има над 38.5 ).
За тт ножињата, стапалцата намачканиа со сенф. Алкохол, разреден со вода да се масира по тело. Скоро прочитав и дека ако се натопат чорапчиња во кравјо млеко од фрижидер, симнувало тт. Немам пробано ова последново.
Здраво мајки, ќерка ми е 6ипол месеци, ови денови се мачиме со затнат нос, температура, кашлица.. и кога ке почне повеќе да кашла почнува да повраќа млеко заедно со секрет.пред 3 дена бевме на доктор и ни кажаа дека е вирус. Но сега некако приметувам дека оваа вечер дише некако побрзо и носето и свире… се плашам некако дали да ја носам на итна? Совет ?
@Anaroz1 Направете уште едно црп да видиш дали нешто е сменето, па ќе знае докторката дали треба да смени антибиотик. Актуелен е сега рсв вирусот може е некој таков и затоа толку долго трае. Стисни заби уште малку. Син ми лани од аденовирус гореше од температура 9 дена. Ќе помине @kika.dragan Ослободи го носето, прскај редовно со солен раствор, мора да се растече и да се извлече секретот. Претпоставувам и тече кон грло зашто е затнат, од таму кашлицата и повраќањето. Ако почне да дише потешко и да хрчат и свират градите носи на лекар поскоро. Ама мислам дека можеш да го решиш проблемот ако носето се чисти редовно.
планот беше во понеделник да се направи уште една крвна слика... а ја до понеделник ќе умрам од грижи, еве ја сеа ми качи највеќе до сеа 39.6 ... ја истуширав, ја измасирав со ракија, оцет и ставив, ова покрај сируп, многу малце намалува.... 38.5... чекам уште некое време пак да проверам... демек до сега ќе делуваше антибиотиков, ми се чини како да немаат крај деновиве
Здраво мамички имам ќеркичка која на 25ти сега ќе направи 1 месец .. од синока и се затна носето и почна да кива и закашлува денеска ми качи и малце тем 37 со 5 и звонев на матичната пошто викенд ми рече да ја туширам за тем и капки солен раствор да прскам до понеделник и понедрлник да ја однесам..предходно синчето од градинка фана вирус кашлање и тем и сеа нејзе излеа ја префана од него..сега вечерва ми качи 38 тем дали да.и ставам чепче безнам што дами правам мн е мала .. пред да заспие ја избањав и се нацица убаво и брше будна мирна си лежеше заспа и стана за брзо у раце кај мрне спир мирно а ја оставам почнува да мрда и плаче сегани мерев тем 38 ми покажа што да правам чепче да ставам ли ?
Dali nekoj ima iskustvo so 2nedelno bebence da mu pocne da mu svire noseto? Prvo dete mi e i za sekoja sitnica se plasam mi treba pomos nekoj da mi daj sovet
Како е? Би требало веќе да е доста подобро. @Mart3 Нормална појава посебно ако е родено царски, моево месец ипол и сеуште хрчи. Прскај со солен раствор и ако има потреба чисти го носето. Јас ако не го исчистам не може ни млекото да го испие.