@Skyler од вчера без температура, денес крвна слика повторивме, пак е ниско црп то и леукоцитите нормални чекаме да помине дејството на антибиотикот и уште едни брисеви да направиме, пред 2 недели правевме чисти беа... и сега стварно не знам шо и беше. 6 дена изгоре од температура, а на крвна слика ништо ,
Мајки порачавме, Cortair 0.5mg за инхалирање да ни донесат од Грција, им ги дале овие од сликата рекле дека се исти само под друго име... Дали ги има некоја користено ? Дали смеат деца да се инхалираат? Како што приметив исти состав се со Cortair...
Здраво мајки. Имам прашање до вас. Бебето е 3 и пол месеци. Комбинирана исхрана сме, односно почнавме со хип фати запек, по препорака на педијадар сменавме новалак ит и после обично новалак. Но бебето еве скоро два месеци кака зелено. Прашав педијадар ми рече можи од витамини да е, но мене ми е шубе да се кака скоро 2 месеци зелено. Се кака еднаш во денот некогаш можи и два пати. Нели треба жолто златно да се кака.. Мислење?
Бебе има седум месеци. Од ноќеска носето му тече, температура нема само поткашлува по малку. Влечев денес со носефрида и прскав аквамарис во носе ама ништо не излегува, он плаче и не можам да извадам ништо. Сега спие ама хрчи и се мачи. Ставив кромид до креветот и лепенка со масла за одзатнување нос. Прашањето ми е како да знам ако спушта на плуќа и колку време имам да го носам во болница и како да му помогнам да дише, дали перница да ставам под душек или нешто друго ? Многу сум испаничена, прво дете ми е и прв пат е болно. Денес беше весел цел ден.
Да, поткрени го на повисоко. Ако недај боже спушти, ќе го слушаш како “свири” верувај не се промашува но сепак однеси го на лекар бидејќи е мало. Лепенка јас не би ставила, тие се со некои масла, недај боже мало е , да му појави алергија. Ако е затнат можеш синомарин да ставаш. Ако не излегува ништо, не влечи на празно за да не оштетиш. Со лесно да минува
Женски имаме два дена. Бебето денеска има нагони на повраќање, ми го донесоа еднаш и толку. Ми велат дека е нормално тоа и дека е добро, но јас сум многу загрижена, не знам каде се наоѓам место не ме држи.
Прскај синомарин или спреј од диво оригано бејби. Физиолошкиот не одзатнува. Само ја влажни слузницата. Можеш маст експулмо на боденцето напред да му намачкаш кога спие. Ова го правев која ќере имаше 4 месеци и се отепа од плачење. А јас не знаев што и е. Ова ми е совет од педијатарот. Не знаат да дишат преку уста и ги фаќа паника и затоа плачат.
Диво оригано не. Мало е , од Козле ќе не потепаа за син ми 5 години што сме прскале, не па за мало бебе.недај боже да јави алергија. Истото и за експулмо. Синко кога лежеше Козле на 7 месеца , ќе не потепаа како сме ставале тоа, можело недај боже алергија да јави. А од Ремедика тогаш ни препорачаа…
Денес ми го исповрати доручекот после прва дремка, значи негде 2-3 саати после јадење, измеѓу немаше јадено, баш такво кашесто густо. И дадов само вода и после 1 саат негде и дадов да цица, ај реков да не давам храна. Пола саат и пак поврати и млеко и нешто од доручекот, по течно беше. 11++ е, матичниот не ми враќа. Да фаќам ли дежурен, што да и давам сега за јадење везе немам . Саглам повраќање беше ми е страв и да и дадам да цица.
Мислам дека педијатри ротираат и дежураат само сабота и тоа до 13:30. Бар во Ј.Сандански било вака кога сум носела.