3 дена. Во сите лаборатории е така, освен за стреп-тест, тој веднаш покажува дали има стрептокока. Само не знам дали го имаат таму.
Се јавив и во Систина сега, за 2 дена ми рекоа. Ќе прашам за тој стреп- тест и дали со тој иде листа на антибиотици. Сигурна сум дека има бактерија.
Да не даваш мн пари во систина, авицена би требало да работи утре. На приватно 350 денари мислам беа брисевите. Мора да има дежурни доктори низ поликлиниките. Ѓорче, Јане и бит пазар сигурно.
Гранулоцити на горна граница до 0.6, нејзе и се 0.6. Црп стои <0.79 , нејзе и е 0.84. Како беше? Што укажува на вирус?
Мислам дека штом се покачени леукоцитите укажува на некое жариште, односно бактериска инфекција. Нека каже @Alishan30 јас не сум 100% сигурна.
Личи на вирус, не е многу високо црп-то. Гранулоцитите укажуваат на бактерија а кај неа се гранични. Повеќе ми одговара ова на вирусно Уши да се проверат, урина исто, знаат да дадат високи леукоцити. Брз стреп тест не покажува антибиограм туку само дали има или не стрептококна инфекција, која најмногу се лечи со пеницилински антибиотици. Матичните не дежураат за викенд? кај нас и денес и утре има доктор редовно.работиме и за празници, одсекогаш
Може да е све.. Нема тука. Само општ. Ама само те гледа и ништо не праат, прошлиот пат се изнервирав. А и за брисеви не ми се чекаше до Пон - Вторник.
Бактериско дека е. Носот со полн шприц физиолошки да го чистам. Ми напиша и антибиотик ако качи висока да давам,ма да вика според крвнава слика и одма да дадеш не е грешка... Го отрувме бебево ама носот стакло и го исчистивме. 38.6 дадов Далерон сега... Кенкава и скроз омалаксана е. Што да нудам за јадење?
Форсирај течности денес, многу вода. Ако не сака да јаде не инсистирај, битно да е покриена со течности. Јас кога е болна давам по некое лажиче кисело млеко, супа сега пројаде не сакаше досега, давам бисквита, лепче евентуално . Се по малку, обично не јаде воопшто нели. Страшно е само вода ако не пие. Штом пие ќе накрени. Не знам дали цица и колкава е. Ако цица одлично, нека цица повеќе пати по помалку. Ако не, водата.