Далерон за болка од запче што излегува сте давале ли? Веќе 2 ноќи на пола саат се буди плаче се жали само керка неможе да спие се мислам дали да ѝ дадам се премачи гелчињава не и помагаат... фала ви
Подкрени го душечето кај што спие, мене не ми делува сигурно ваква перница.И двете деца мои имаа редлукс, големото синче повраќаше до 8-9 месеци и бебево сега исто.Не сум користела перници, ниту сум поткревала душек зашто спие со мене на спална, само алишта перам у највише, во спиење се вртат на страна и бљуцкаат.Гледам да ждригне на секое цицање ама пак мн повраќа.
Како втората користев, ама ја ставав под душече за да добијам поткренат душек, а не како перница класична.
Дадов цела и сега жива се изедов само ја допирам да не пушти температура нигде на упатството немаше за пола доза наведено како не прочитав тука прво....
Jas ja koristev vtorata i mnogu sum zadovolna, pernicata e tvrda i golema i nemoze lesno da ja pomesti.
Не, не е бил ниту настинат ниту температура. До сега 2 пати дадов лоратидин сируп и матичната рече кај што е најцревно тенок слој алфодерм да ставам. Вчера под очите беше повеќе така црвен со ситни брунчиња. Старите веќе позавенаа, сега гледам има по нозете, ама во поублажена форма.
Алергија би јавило ако си вовела нешто ново, а ти не спомна ништо такво. Е сега, штом имало и на лицето, тогаш тешко да е од топло, нешто друго е во прашање.
Тоа ми е најчудно. Немам воведено некоја нова намирници, но во принцип он е склон на алергии. На кравји протеини се води па пиеме млеко Неокејт. Затоа од страв и многу работи уште му немам дадено да проба. Ќе видам и денес како ќе биде, ако не утре пак на доктор. Имаме и мачка дома што ја чуваме, ама цело време е со нас што знам, стерилизирана средена. Само си претпоставувам бидејќи има и околу устата брунчиња, некои се повлечат па други излезат. А, последните неколку дена напасно брка во уста.
Бебе има 11 месеци, нешто го префати од големиот батко и веќе почнувам да си паничам. Крена температура во четвртокот, туширавме, разладувавме и дадовме еферелган. Се спушти. Правевме крвна слика, црп покачено, друго сѐ ок. Матичната вика нема црвено грло, нит нешто на гради. Сабота навечер пак температура и денеска цел ден. Вчера си беше нормална, денеска сенешто цифка и лежи.нема апетит. Страв ми е да ја чувам дома, страв ми е да не остават во болница (а ќе биде тоа сценарио ако ја однесам со температура?). Некој со идеја?
Ех ако задржуваа само за температура, секое дете за секоја настинка ќе лежеше на болница. Не се секирај особено штом нема ништо на гради, обична настинка, гледај да е хидрирана цело време, ако пие млеко или ако цица нуди и повеќе пати и следи ја, кај матичната пак на контрола и ќе помине за некој ден.
Течности. Сируп ако качи над 38.5. Расоблекување и туширање за помала тт. И тоа е. Нема да ве остават во болница само за тт, гарант. Носи кај матичен утре ако ти е сомнителна. Инаку мојата имаше 1 ден тт, на другарка 6 дена ја држеше малата. Некој глуп вирус има
Еве и јас да се пријавам со температурата веќе трет ден. Од петокот крева над 39 давам далерон-блокмакс наизменично, спушта до 37.8 и пак качува после 4-5 ч. Бевме кај матичната во петокот, на гради чист, грло добро. Ни рече ако го држи цел викенд понеделник пак кај неа па да правиме крвна слика и црп. Слабо јаде ( и претходно не беше некој јадач) ама пие вода и цица, кенкав е и штом почне да качува темп клапнува за спиење... Некој страшен вирус е со температурава Со лесно да поминува само
А разлади ли дома? Да не си го мачкала со нешто ново? Мојата се нафрлаше вака многу од некој крем на мустела пример, ама само кај што била мачкана, пример на лице не. Алиштата да не се перени со нешто ново? Не мора да е само од храна. А и да немаш нова намирница, некое комбо може да прави реакција. Види дали има нешто алергено деновиве или некоја нова комбинација на веќе воведени намирници дадено.
Можно ли е да се накашлува бебе од сув воздух? Три недели е, го гледам некогаш спие со отворени уста, а се грееме на клима. Се накашла еднаш завчера и толку, еве сега пак. Инаку суво беше. Со луѓе не го мешам, доаѓаат само бабите и тетката на помош и тие со маски. Во среда сме на контрола, не знам дали да чекам до тогаш или да го водам уште утре на педијатар.
од сув воздух може но ако се закашлал еднаш е друго ако кашла тогаш јас би носела на лекар некако мало е за да следиш дома.
@oblace1 Навлажнувач на воздух обавезно, пуштен на најјако<=Јас вака и со двете зимски бебиња, се грееме на парно. Нос им се растечува и кашлааат кога пуштаме клима во преоден период и забораваме на овлажнувачот.пс.новороденчињата доаѓаат од водена средина, тешко им е и без тоа да се навикнат на воздух, па и сув. Влажнете го воздухот обавезно
На сите би ви рекла внимавјте со навлажнувачите. Мојава е родена во јануари и до март кога се роди користев навлажнувач на Горење. Инаку на парно сме. Во март некаде почнав да мрчам дека мириса собата на мов , а сум многу осетлива на носот и го натерав маж ми да го раштрафи навлажнувачот и во право бев, внатре мов имаше и покрај тоа што секогаш дестилирана вода користевме. Од тогаш фрлив тоа навлажнувачот и само ставам вазнички со вода на парното.