Ве молам за мислење, кога стана синко сабајле од едното увце имаше како жолт секрет потоа се исуши како корупки му го исчистив, го допирам околу уше не реагира значи нема болка, секако ке ја консултирам матичната но попладне е на работа
Треба и да се мери влажноста пред да се вклучи навлажнувач. И ние се грееме на парно па влажноста никогаш не паднала под препорачаната 40.
Навлажнувачот мора редовно да се чисти, барем на 1-2 недели максимум канистерот каде што стои водата да се измие и да се покисне со алкохолен оцет.
Го чистам секој ден, евентуално на два дена ако работи континуирано, со дезинтал и огромно количество вода. Точно е дека ако не се чисти редовно ќе стане распрскувач на бактерии наместо да има бенефит од него
Нормално дека треба да се чисти,но јас не зборувам за канистерот кој што се полни со вода, туку внатре беше со мувла, делот каде што се прави пареата, значи мора да го раштрафиш, за да видиш.
Во право си што си го направила тоа. Татко ми се разболе пред две години со легионела баш од ваква работа. Со месеци се мачеше додека не утврдија што е и додека не се излечи. Или редовно да се чистат тие навлажнувачи или ич да не се користат.
Температура и вирус кај бебе, 4 месеци. Препорака само цицање и парацетамол. Многу е жална, како може да и помогнам дополнително
Тоа е тоа, можеш да ја бањаш кога ќе и бидат рацете и нозете топли, почесто да цица и штом е вирус ќе помине брзо
Да, нормално е, до три години нормално е и да одат на прсти. Редовни контроли на ортопед. Чисто информативно доколку не ти спомнал ортопед не се препорачува паткање на бебиња. Се оставаат сами да се исправат и да се движат по мебел, прво странично движење си вежбаат па потоа сами си одат со придржување со едно раче по мебел па потоа се пуштаат сами да одат. Со паткањето се спречува развојот на баланс што им е потребен за самостојно движење и вежбање на мускулатурата за сопствената тежина.
Не живее таа бактерија на температури над 20 C? Бидејќи ако е така, конкретно мојов навлажнувач не испушта топла вода, туку ладна. Друго, од каде се контаминираат навлажнувачите? Користам дестилирана. Прашувам, навистина не знам. А искрено ме исплаши твојот пост.
Легионела живее во застоени барички вода. Искрено не знам точно која марка навлажнувач ја имаа моите. Не знам дали беше на принцип на загревање, за да може водата да ја претвори во водена пареа.. Мајка ми рече дека во него имало внатре мал сад во кој тие само дотурале помалку вода. Не го чистеле редовно, садот бил лигав кога го проверила. Секако штом е водата веќе и на око како жабокречина јасно е дека е контаминирана. На интернет вели дека извор на легионела се аеросолите од контаминирана вода и дека може да ја има и во различни разладни системи, вклучувајќи и навлажнувачи. Истотака и клима уредот во тој период прекинаа да го користат, зошто не беа сигурни дали е изворот на заразата и од него.
Zdravo, ve molam mislenje. Bebusot e 1i 2 nedeli dali e vo red da si mrda celo vreme so racinjata i nodzinjata koga e budno? Dali treba da se panicam ili ne?
Многу мрдаше и моето, сега почна да си претка нормално. Претходно дури како нервозно беше, прашав педијатар тогаш рече нормално е
Сидерал капки колку се користат после отварање, 1 месец или повеќе?Исто и за Бејби вит ме интересира.
Имав пријателка на гости, го држеше бебето свртено нанапред, не ја бацуваше. Кога ја земав забележав дека има рана на устата како од херпес. Го преслеков бебето, и ги измив рачињата, друго не знаев што да направам. Инаку неколку пати бљуцна, па ја бришеше со салфетки на устето и на облеката. Бебето е 4 месеци и една недела. Колкав е ризикот од пренесување на херпес вирусот и ризикот од тешка болест?