Не се пренесува така лесно, не се грижи. Маж ми има херпес, па еве 20 год сум со него па не сум фатила. Битно да нема контакт со раната, како бацување. На тоа многу внимава маж ми и со мене и со малата. Инаку и некој да нема херпес па не треба да бакнува бебе од 4 месеци.
Фала на одговорот. Сега ја прашав, имала херпес ама и поминал, па сега уште раната да заздрави. Ако не се лажам и во оваа фаза е заразен? Многу сум загрижена, најмногу дека ја бришеше на устето со салфетка...
Не е заразно веќе, заразно е кога излегува и пука, кога веќе има рана е фаза на заздравување. Ништо не е страшно со салфетки што ја бришела. Не се грижи беспотребно.
Колку далерон можам да дадам за бебе 8м ина околу 7,20кг ? Нема као мн ама кашла и плаче и цррвени и се обравчињата се мачи не може да спие се закашлува ептен... на инхалации сме кортико вигантол и утре контрола
Бебе има 7 месеци. Ми крена температура 38.1 па ја истушира и сега моментално има 37.5. прашањето ми е ко ќе крени над 38.5 од кое чепче да ставам? Има 8 кг а дома имам ефералган од 80 и од 150 мг. Не ми соработува за сируп. Фала
Мајки на женски бебиња, дали кај дојките на вашите бебиња, тој дел е како топчиња кога фаќаш? Не знам дали убаво објаснив. Прв пат приметувам и од памет се извадив. Кажете оти е нормално.
Мајка колку месеци е ? Моето (машко) имаше првите 2 месеци мислам и се повлекоа, ми кажа педијатар дека се од хормони на мајката.
Исто од памет се извадив ама нормално е. Од естроген од мајката... кај нас одма се повлекоа, за недела две од раѓање беше тоа.
Нормално било. Мене патронажната ми рече да не паничам и ако видам исцедок или крв долу, од хормоните на мајката е.
Дали ако се малаксани бебињата давате сируп за темп при 38 температура? Значи нема над 38.5, варира температурата 37, 38.
Здраво мамички, Во очето на беба има влезено трепка 5 недели сме, не знам што да правам како да ја извадам. Пробав со промивка со вода но не излегува. Совет?
5 ипил месеци сме, прв пат настинува од кога е роден.. Од вчера почна да кива и кашла и носето му крчи ама нема мрсули, пробав 2-3 пати со аспираторот да извадам ништо не излегува. Температура нема. Прскам само аква марис спреј.. Друго што можам да направам да му помогнам?