Како правите инхалации? Не се плаши од инхалаторот туку од маската. Ако и правам на спиење може да ја истрауматизирам? Многу ми е страв. 9++ е Настината е, кашла и е затната цела. Носе чистам со низита и аспираторче на сила некако, ама ова со инхалациите нема шанси да даде. Нејзината матична дали ќе ми даде боледување мене? Не можам да ја носам ваква во градинка, плус цела ноќ неспиена е
Ги држам на сила со пуштен телефон, тв или еден од нас изиграва кловн. На спиење не сум пробала да ги инхалирам. Првите неколку пати беа борење, сега веќе седат мирни. Се навикнаа после толку пати инхалирање. Матичниот на детето ќе ти отвори боледување за нега на дете до 3години и тоа е на терет на фонд.
Докторката рече така ако не дава, пробај на спиење затоа прашувам. Синоќе вриштеше ни телефон ни ништо не помогна па не и направивме. Ќе пробаме пак, секако мора некако да правиме
Никако не правиме..јас ја држам маската тој седи гледа цртани ама ако му ја доближам до лице одма бега...и го инхалираме воздухот ни на 12 месеци седеше, ни на 19, ни сега на 21...ни цртани ни кловнови ни со сила никако...инаку од сестра ми бебчето на 2 недели фати бронхит и лежеше на болница, таму во спиење му правеа ама дека многу мало
Кога и е затнат носот и јас ја ставам на поткренато, инаку и се свлекуваат мрсули и ги повраќа во сон
На рамно спиеше, изгледа зависи од болницата, оваа кај мене е крш на дупли кревет, спиеја мајка и бебе ама да и јас пробав сега моето имаше секрет кој му се слеваше, му го кренав душечето, ама не сакаше да спие така па пак го вратив на рамно, што да правам, минатиот пат го легнував на перница и спиеше така, сега не сака.....моево ништо не ни сака, ни сируп ни инхалации ни аспирација, за се со молење и со вриштење па затоа место 5 дена се лекуваме 10
Мајки дали е нормално при растење на горна тројка, непцето и над кецот и двојката да е жар црвено, воспалено му е, и по малце му крвари Да мачкам ли нешто или да го носам на педијатар
Ајде хелп. Мора пред викенд да се случи нешто значи. Два три дена беше со кашлица и мрсули бебе. Тие денови мака мачеше да се искака, значи немаше какано 2 дена, знам нормално е, ама вообичаено кака 2 пати на ден. Сега од ноќеска навака има пролив. 2 пати ноќеска и 2 пати во 11 часот на пладне. Дали и кога можам да го сметам за стомачен вирус? Што можам да давам?
Мајки мислења сакам да слушнам. Малото е 4ти месеци. 2 дена има кашлица со шлајм. Бевме на лекар, направивме инхалација, зедовме и за дома инхалатор и готов физиолошки раствор. Меѓутоа др без крвна слика без ништо ни препиша антибиотик Трицеф. Тој е јак антибиотик и сега сум во мислење што да правам.
Кај 4 месечни бебиња не чекаат сами да се излечат, премногу е мало и за брзо можат да настанат компликации. Читав кај еден хрватски педијатар мислам беше, вика кај мали бебиња одма се почнува со лекување. Нешто како во Тексас, прво пукаш, па прашуваш кој е. Може и со инхалација да помине ама веројатно не му се ризикува.